Направете ја оваа пита за појадок, брза и превкусна со готови кори – вистински спас во заден час!

Оваа пита се приготвува брзо и е вистински спас во заден час.

Потребни состојки:

1 пакување кори (количината зависи од тоа за колку лица ќе приготвувате појадок), значи отприлика 10 кори
100 г путер
300 мл супа (вода + коцка за супа)
3 јајца
4-5 лажици кисела павлака
вегета, сол, црн пипер

Постапка:

Ако корите се подебели, тогаш секоја кора пресечете ја на половина, па свиткајте ја како ролат, а потоа и како полжав.

Ако ова го правите со многу тенки кори, тогаш можеби ќе треба целата кора да ја свиткате. Кората ќе ја впие супата и преливот. Полжавчињата наредете ги едно до друго во тепсија обложена со хартија за печење.

Преку секое полжавче ставете парче путер или малку свинска маст, па печете ги во рерна загреана на 200 степени, околу 20-тина минути, односно додека да добијат убава златна боја.

Тогаш извадете ги и прелијте ги со супата, односно зовриена вода во која сте раствориле коцка за супа. Намалете ја температурата на рерната на 150 степени и вратете да се допече во рерна уште 10-тина минути, за убаво да ја впијат течноста.

Ако го сакате вкусот на лукчето, тогаш во супата можете да додадете и ситно рендано лукче. За тоа време со виљушка или жица изматете ги јајцата и киселата павлака. Ставете зачини. Со овој прелив прелијте ги на крај полжавчињата, па повторно вратете ги во рерна уште неколку минути.

Готови се кога јајцата ќе се испечат и полжавите ќе добијат златна боја. Се послужува топло или ладно, еднакво е вкусно, со јогурт.

Loading...