Секогаш кога чистите со било какви средства задолжително носете заштитни ракавици. Средствата што ќе ги користите може и да не се штетни за вашата кожа, но долгорочно супстанциите продираат преку кожата и вршат влијание на клеточно ниво. Затоа, секогаш носете заштитни ракавици.

Овој рецепт е многу едноставен, но многу ефикасен, со чија помош ќе ја светнете вашата када и ќе и го вратите блескавиот сјај.

Потребни состојки: 2 лажици калцинирана сода (натриев карбонат), 2 лажици сода бикарбона, 50 мл обичен избелувач и 50 мл алкохолна киселина

Постапка: 1.Измешајте 2 лажици калцинирана сода со 2 лажици сода бикарбона и истријте ја со влажна крпа со оваа мешавина (ако немате калцинирана сода, тогаш ставете 4 лажици сода бикарбона).

2.После 10 минути, 50 мл оцет и 50 мл избелувач, помешајте и нанесете врз претходниот слој.

3.После половина час истријте и се’ исперете со голема количина вода. После оваа постапка вашата када ќе биде блескаво бела. Притоа, хемикалии ќе искористите најминимално, што не е безначајно, бидејќи никој не сака да вдишува отровни испарувања.

Бањата подолго време ќе остане чиста ако после секое туширање или бањање, кадата ја избришете заедно со сува крпа или некој стар пешкир што веќе не го користите за лична употреба.