Рибите кои се одгледуваат во аквакултури се наменети за единствена цел: продажба. На сите ни е познато дека рибите се одлични за здравјето бидејќи се богати со витамини, минерали, протеини, омега киселини итн, сите состојки кои му се неопходни на телото во една здрава исхрана.

Најчесто, горекажаното е вистина, но сето тоа зависи од потеклото на рибата, односно од нејзината животна средина, доколку е уловена во отворен океан или море, и од нејзината исхрана и условите во аквакултурата каде се одгледува.

Една од најпознатите риби во Америка е тилапијата која најмногу ја консумираат последниве години.

Тилапија е вид на тропска риба, автохтона африканска риба, а после Втората светска војна нејзиното производство се проширило и во другите делови од светот.

Она што е карактеристично за оваа риба, е силната родителска грижа. Родителите ја чуваат икрата во својата уста и по неколку денови, па можете да замислите кои се’ процеси се кратат при вештачкото одгледување.

Се испоставило дека рибите одгледани во фарма имаат повеќе недостатоци отколку предности и нивното консумирање може да предизвика повеќе штета отколку корист. Ова истото важи и за лососот, бакаларот, сомот и некои други риби.

Можеби најштетна е ПАНГАТА, која е ефтина и чиј вкус потсетува на бакаларот и се продава во енормни количини!

Каде се крие опасноста?

Кога постои дисбаланс помеѓу нивоата на омега 3 и омега 6 масните киселини, може да се појават различни воспаленија: срцеви заболувања, астма и некои други хронични заболувања.

Тилапија одгледана во фарма има висок воспалителен потенцијал, бидејќи содржи многу помалку омега 3 за разлика од останатите риби. Истражувањата направени од Универзитетот Вејк Форест го потврди ова, па дури откриваат дека оваа риба има повисок воспалителен потенцијал од хамбургерот или свинското месо.

Рибите одгледани на фармите содржат висока концентрација на антибиотици и пестициди. Се прашувате зошто?

Можеби ќе се изненадите, но на овие риби им се даваат антибиотици и пестициди против некои морски вошки за да можат да преживеат во тесните корита и канали.

Познато е дека рибниците во Кина се оние најлошите. Таму не се користат само антибиотици и пестициди, туку рибите се хранат со многу лоша храна.

Според економските истражувања станува збор за алармантна состојба, бидејќи постојат гласини дека таму рибите се хранат со пилешки и свински измет. Овие гласини се’ уште не се потврдени.

Меѓутоа, во секоја гласина има малку вистина, па затоа треба да бидеме внимателни при изборот на нашата храна.

Супстанцијата Дибутилин е познато дека го ослабува имунолошкиот систем, а диоксините може да предизвикаат канцер. Овие две хемикалии може да се пронајдат во рибите одгледани во фарма.

Истражувачите потврдија дека нивото на диоксин е 11 пати повисоко кај овие риби, за разлика од дивите риби.

Кои риби се здрави за јадење?

За жал, означувањето на пакувањата не е секогаш точно и некои видови храна се ослободени од обврската да го бележат нивното потекло. Исто така, не постои начин да се знае дали рибата е ГМО или органска.

Затоа, најдобро е убаво и детално да се провери етикетата. Не купувајте храна која ви е сомнителна и нема доволно видлива етикета со сиромашни податоци.

Најдобро е да се јаде дива риба, но законот е многу строг кога станува збор за зачувување на животната средина, па затоа овие риби се најчесто и многу скапи.

Во нашата земја имаме слатководни риби, а морските се увезуваат. Една меѓу најевтините риби е Пангата, која е на многу лош глас поради одвратните услови во кои се одгледува.

Меѓутоа, и покрај предупредувањата, сепак нејзината продажба беше најголема изминативе години, поради вкусот кој потсетува на бакалар и достапната цена.

Се смета дека рибата тилапија е најдобро да се купува од фармите на САД, Канада и Еквадор.

Според Sydney Morning Herald, најдобри се дивите риби: whiting, tailor, moonfish, mahi mahi and luderick (црна риба). Австралинаците исто така, ги наградуваат со зелена етикета австралискиот Бонито, морскиот барбун и тревали, кои се одличен извор на омега 3.