Со секој удар им се запечатува судбината.

Насилството врз децата и шамарот како “воспитна” мерка и денес се присутни. На овој проблем укажува рускиот психолог Михаил Лабковски, откривајќи дека детето кое трпи ќотек во животот има само два пата.

“Ако тоа се’ уште не ви е јасно и очигледно, сакам да ви објаснам зошто не треба да ги тепате своите деца.

Кога сме под стрес, на пример нешто не загрозува ментално или физички не’ повредува, групата таканаречени глукокортикоидни хормони се ослободуваат во крвта. Тоа се познатите хормони на стресот.

Но, овој процес е всушност многу посложен отколку што изгледа и на телото му е потребно многу време за да го “преработи”. Кога децата се во близина на родителите, особено на мајката, тие чувствуваат заштита, овие хормони мируваат, односно не се ослободуваат во крвта.

Но, доколку самиот родител стане извор на стрес, детето до одредена возраст физичкото насилство на го смета како нешто опасно по него. Затоа нема стрес и детето не забележува дека нешто не е во ред.

Проблемот се случува кога детето ќе порасне. Тогаш, како возрасен човек смета дека насилството и агресијата се сосем нормални и составен дел од животот, па затоа има само два можни патишта – да стане агресот или “доброволна” жртва.

Да го тепате сопственото дете значи да му ја запечатите неговата судбина, која тешко ќе заврши убаво. Ќе биде злоставувано и ќе молчи, бидејќи ќе верува дека тоа е нормално или пак, тоа ќе стане агресор кој тепа, повторно мислејќи дека тоа е нормално.

Ако и вие самите сте биле тепани во детството и едноставно не можете а да не го тепате своето дете, или и сами верувате дека во тоа нема ништо лошо, ве молам, консултирајте се со психолог.

Не го игнорирајте ова, не превртувајте со очите. Ова е многу важна тема. И не смее да биде табу”, напишал д-р Лабковски.