Многу лесно и брзо се приготвува, а ролатит е многу вкусен и декоративен, па може да се приготви како предјадење, главно јадење или за разни пригоди.

Потребни состојки: 2 јајца, 4 лажици масло, 2 лажици кисела павлака, 1 тиквица со средна величина, 2 лажички сол, 1 лажичка црн пипер и 3 лажици брашно. За фил: 200 г кисела павлака, 100 г рендан кашкавал, 1/2 китка магдонос, 100 г шунка или по потреба

Постапка: Во еден подлабок сад изматете ги јајцата со виљушка. Додадете масло, кисела павлака и на крај рендана и исцедена тиквичка.

Смесата посолете ја и запиперете ја, додадете брашно и убаво промешајте. Добиената смеса излејте ја во плех од рерна, претходно обложен со хартија. Печете во загреана рерна на 200 степени, 20 минути.

Печената кора истресете ја врз хартија за печење со поголеми димензии од кората, па свиткајте ја заедно со хартијата во ролат и подвигкајте ја од двата краја како салама. Оставете да излади.

Додека се лади кората пригответе го филот: во киселата павлака додадете тендан кашкавал и ситно сечкан магдонос. Промешзјте и изедначете.

Одвиткајте ја кората, премачкзјте ја со филот преку целата површина и наредете ленти шунка. Свиткајте го солениот ролат, обложете го со хартија и оставете го малку време во фрижидер да се стегне пред сечење.