Уште е наречена и СУПЕР ЈОГУРТ ДИЕТА.

Познато е дека ферментираните млечни производи се неопходни во исхраната, бидејќи го забрзуваат метаболизмот, помагаат за правилна работа на цревата и претставуваат одличен извор на калциум. Затоа јогуртот е вистински хит производ ако сте одлучиле да се ставите на диета.

Во светот стана многу популарна т.н. јогурт диета, бидејќи иако е една од најстрогите диети, од неа се топат дури седум килограми за седум дена, што не е мала работа, особено ако тој вишко ве оптеретува од разни причини, особено здравствени.

Во текот на оваа ригорозна диета не е дозволено да се пијат засладени сокови, ниту овошни јогурти. Обичниот јогурт повремено може да се замени со кисело млеко. Секако, доколку лицата кои при консумација на млечни производи чувствуваат подуеност, оваа диета не треба да ја практикуваат.

После седум дена диетата мора да се прекине. Се враќа на нормална исхрана, но за да не ги вратите повторно килограмите, јадете умерено. За еден месец можете повторно да го прочистите својот организам со јогурт-диетата од седум денови.

Во текот на диетата, пожелно е еднаш седмично да направите детоксикација, така што ќе пиете само јогурт.

МЕНИ

Намирниците не се распоредени по оброци, но важно е количината да ја распоредите сами во текот на денот. Користете чаша од 200 мл.

1.ДЕН

5 печени компири, 6 чаши јогурт

2.ДЕН

200 г варено пилешко месо, 6 чаши јогурт

3.ДЕН

200 г говедско месо, 6 чаши јогурт

4.ДЕН

200 г риба, 1 чаша јогурт

5.ДЕН

Неограничено овошје и зеленчук, освен банани и грозје бидејќи содржат многу шеќер, 6 чаши јогурт. Забрането е да се комбинираат јогурт и овошје.

6.ДЕН

1 литар јогурт

7.ДЕН

1 литар јогурт

напомена:

Месото и компирот јадете го само за ручек, а за сите останати останати оброци пиете само јогурт.

Организмот ќе добие повеќе калциум од вообиачено, а телото ќе стане полесно.