Народната медицина преовладувала во текот на првата половина од Средниот век, особено во руралните средини. Се базирала на билкарство, лекување со минерали- кристалотерапија- магиски и шамански обреди и празноверија.

За разлика од народната медицина, во манастирите се практикувала медицина од учени луѓе кои имале пристап до пишаните документи. Лекувањето во почетокот било резервирано само за монасите во манастирите, а подоцна се проширило и кај обичниот народ, како чин на христијанско милосрдие.

Со проширување на просторите за прифаќање на пациентите, настанале и првите болници. Тие во почетокот биле структура за прифаќање и негување на не само болните, туку и на сиромашните, старите и изнемоштени, сирачињата и напуштените новороденчиња.

Во почетокот не се правела разлика помеѓу пациенти и сиромашни. Дури во подоцнежниот период профилирала во институција за лекување болни, а за останатите категории биле основани посебни институции.

Во манастирите обраќале големо внимание за одгледувањето на лековити билки и се негувало знаењето за приготвување на медицински лекови кои грижливо биле забележувани во облик на рецепти. Ова се некои од нив (Напомена: статијата има информативен карактер и не заменува медицински совет и лек. Опишаните рецепти не се замена за медицински лек. Пред примена, консултирајте се со вашиот лекар):

ЛЕК ЗА ВИСОК КРВЕН ПРИТИСОК – Светогорски рецепт. Потребни состојки: 1 супена лажица природен мед, 1 лажица природен домашен јаболков оцет и 2-3 поголеми лукчиња, толчени и измешани убаво во смесата. Смесата треба малку да отстои. Секое утро се пие. Лукот нема мирис поради соединувањето со оцетот и медот.

ЗА ИСФРЛАЊЕ НА КАМЕН ОД БУБРЕГ: Во шише од еден литар се става 300 грама мед. 
Се додава потоа и исцеден сок од 2 – 3 лимони, средна големина. Се протресува содржината за да се раствори медот и се дополнува со газирана вода.
Така нека отстои во текот на целата ноќ.

Начин на употреба: Се пие следното утро, на гладен стомак – ОДЕДНАШ. 

Оние кои нема да успеат одеднаш нека го испијат во времетраење од 5 – 10 минути по една чаша. Како што е запишано, наводно, доколку каменот е помал по големина најчесто се исфрла за 24 часа, ако не, се повторува истата постапка и следниот ден.

„Дозволено е до три пати ден за ден.
 Истовремено се дезинфицираат мокрачните патишта. Превентивно заради создаден песок или ситни камчиња во бубрезите, овој лек да се зема слободно секој месец по еднаш.“

ЗА ПОДУЕН СТОМАК И ГАСОВИ Корисен е за белите дробови, отежнато дишење, надувување на стомакот, против лошиот здив.
Чајот се подготвува на следниот начин: Една кафена лажица семе од анасон се става во врела вода. Отстојува 15 – 30 минути за да искисне. НЕ СЕ ВАРИ! 
Се пие три пати на ден по една чаша – секогаш свежо подготвено.

ЗА ПОКАЧЕН ШЕЌЕР – Состав: 
1 килограм БАГРЕМОВ мед, 100 мл јаболков оцет и 100 г мелен цимет. Постапка: Добро се промешува за да се добие компактност. 
Болниот да зема двапати на ден, но по една мала лажица од смесата, растопено во 100 мл млака вода.

Ова е познат и многу моќен руски манастирски лек кој се подготвува на следниот начин: Осум главици црвен кромид – се лупат до непосредната жолта лушпа. Веднаш потоа се печат и откако ќе се изладат се дочистуваат.
 Се мелат во блендер. Им се додава 800 грама јаболков оцет 
и еден килограм светол мед.

Целокупната количина добро се промешува. 
Се земаат дванаесет лажици дневно; три наутро, на гладен желудник
 по две, пред ручекот и пред вечерата и 
три – пред заспивањето.
 Се чува во обичен фрижидер. +++

МАНАСТИРСКИ ЛЕК ЗА ПОКАЧЕН ШЕЌЕР – Овој лек се препорачува на оние болни кои се уште не почнале со инсулинска терапија: Состав: 
2 ливчиња – БЕЛ ПЕЛИН, се оставаат цела ноќ да се искиснат во количина на вода колку филџан за кафе. Утредента се голтаат ливчињата, пожелно е без многу џвакање и се доиспива водата.

Болните од манастирските жители, како што е запишано, имаат позитивно искуство во регулацијата на нивото на шеќерот, но откако ЧЕТИРИЕСЕТ утра со ред, се повторува оваа постапка.

ЗА ВИСОКА ТЕМПЕРАТУРА – Манастирски лек за висока температура кај возрасни и кај деца 

- Во една чаша од 250 г се става половина од чашата јаболков (природен) оцет и другата половина, мед.
 Добро се промешува.

Половина чаша се испива одеднаш, а другата половина на секои пет минути по една голтка.
 Ефектите ќе ги видите самите. Темпертурата се симнува и организмот нагло закрепнува, зашто јаболковиот оцет ги убива вирусите во организмот.
Ова е многу моќен лек и дозволено е да се повтори уште два пати во текот на истиот ден.

АНТИВИРУСЕН ЛЕК

 – Состојки: 50 грама сечкана брусница, 50 грама рендан ѓумбир, 50 грама цимет во прав
сок од еден лимон
половина килограм мед. Сите состојки се мешаат за да се соединат во компактна маса.
Се консумира двапати на ден по едно кафено лажиче.

ДЕТОКСИФИКАЦИЈА
(го намалува холестеролот и мастите во крвта, особено полезно против болести на срцето) – Состојки: 30 чешниња лук, средна големина – ситно се сечкаат. 3 лимона – Прво им ја стругате кората и потоа ги сечкате на парченца. Лукот и лимонот ги ставате во тенџере со еден литар вода.

Треба да се внимава вриењето да трае најмногу една минута, веднаш потоа го тргате од огнот и го оставате да излади покриено со капак. Го процедувате преку газа и го собирате во стаклени шишиња и лекот е готов! Се употребува:
Една чашка (од ракија)
 30 мл. се пие половина час пред ручекот и после ручекот уште половина чашка.

ЛЕК ЗА ДЕТОКСИФИКАЦИЈА И ЈАКНЕЊЕ НА ОРГАНИЗМОТ – Во поголем сад се става 250 мл маслиново масло, или масло од тиква, или ленено масло.
Се додава 250 мл домашна ракија, 250 мл сок од лимон или домашен јаболков оцет,
 250 г мед, 10 г мелен цимет, 10 г мелено каранфилче и две кафени лажици ѓумбир.

Сета оваа содржина се собира во стаклено шише. Начин на употреба: Наутро, на гладен стомак се земаат две супени лажици или количина од чашка од ракија, но претходно добро протресено.

ЗА ИМУНИТЕТ – Потребни состојки: 350 грама – мелени ореви (или сецкани), 350 грама – суво грозје (сецкано), 350 грама ситно рендан морков, сок од четири лимони и една тегла мед. Сите овие состојки добро се промешуваат и се собираат во тегли.

За особено опаднат имунитет се земаат три супени лажици дневно правилно распоредени. За одржување: Две лажици дневно.

Заради високите температури лекот е добро да се чува во обичен фрижидер. Видливи ефекти има по користење на лекот во период од 1-2 месеци.

ВИНО ОД МАГДОНОС И МЕД -универзално лековито средство, за детоксикација на организмот. Во 1 л суво бело вино се стават две големи лажици винска киселина и една китка свеж магдонос. Виното се става да зоврие, па 15 минути се вари на најслаба температура.

Потоа се додава 150 г мед, се остава уште малко додека да се растопи медот, па потоа се лади и процедува. Од ова вино се пие секој ден или повеќепати во денот, по една мала ракиена чашка.

ВИНО ОД ВЕЛИКДЕНЧЕ (Pulmonaria officinalis) -против кашлица. Потребни состојки: 3 големи лажици великденче се проваруваат во 1 литар вино. Се вари на тивок оган околу 10 минути а потоа се процедува. Се зема секогаш пред јадење, една мала чашка.

ВИНО ОД АНАСОН, КОПАР И ГОРЧИЦА -против кашлица, и за деца. Потребни состојки: Во еден литар суво бело вино се проварува 15 г анасон, 15 г копар и 5 г горчица, па се остава на тивко да се вари околу 10 минути, а потоа се процедува. Од ова вино возрасните можат да пијат трипати на ден по мала чашка, а децата трипати дневно по една лажица.

ВИНО ОД ГАЛАНГА (ВИД НА ЃУМБИР)- На тивко се вари една лажичка изрендан корен од галанга (Alpinia galanga), во ¼ л црно вино, во траење од 5 минути. Потоа се остава да излади и се пие топло во голтки. Средството е одлично против болки, меѓутоа, нема пријатен вкус. Во недостиг на галанга, користете обичен ѓумбир.

ВИНО ОД АФРИЧКИ ТЕГАВЕЦ -за расположение при деприсивни состојби, за кожни проблеми , за поттикнување на дигестијата. Потребни состојки: 2 лажици афрички тегавец (Plantago psyllium), се вари на тивко во ½ литар црно вино, околу 10 минути. Се процедува и се пие во голтки додека е топло, најдобро пред јадење и трипати дневно по една голтка.

“ГАСЕНО“ ВИНО -против раздразливост, тага и нервоза. Состојки и постапка: Загрејте го виното, па кога ќе биде врело, додајте во него малку студена вода и тоа веднаш испијте го. (Наполнете половина филџан за кафе од најдоброто бело вино. Прелијте го во плиток сад и веднаш загрејте го, а штом се појави првото меурче- знак дека ќе започне да врие, додајте малку студена вода и пијте голтка по голтка).

ВИНО ЗА СРЦЕ – 8 или повеќе стебленца магдонос ставете во 1 литар добро вино па додајте 1-2 лажици винска киселина. Оставете да се вари на силен оган околу 10 минути, а потоа додајте 300 г чист пчелин мед, па заедно варете уште 4-5 минути на тивко. Веднаш процедете и уште додека е топло истурете во стаклени тегли или шише и затворете. Се зема по 100 мл дневно. Рок на употреба: неограничен!

ЕЛИКСИР ОД ЉУБИЧИЦИ -отстранува меланхолија и го подига расположението. Една рака свежи љубичици, 20 г сладок корен (Glycyrrhiza glabra) и една лажица прашок од галанга, се вари во ½ литар суво бело вино, се процедува и се пие во мали чашки. Ова вино од билки е матно, но се разбиструва кога ќе се остави преку ноќ, па уште еднаш да се згрее и филтрира.

МЕШАВИНА ОД ДИВИЗМА -за настинки. Состојки и постапка: 25 г цветови дивизма (verbascum densiflorum) се мешаат со 25 г анасон. Од оваа мешавина се зема една лажица и се става во ¼ л бело или црно вино, се вари на тивко околу 2 минути, се процедува и се пие во голтки. Помага при зарипнат глас. Чудотворно делува кај пеачите и кај сите други кои го изложуваат својот глас на голем напор.

МАСЛО ОД КОПРИВА -за меморија. Состојки и постапка: Ситно исечкан грст свежа коприва се меша со масло, а притоа треба да се внимава да не се исцеди сокот од копривата. Затоа е најдобро копривата да се сечка на пластична даска, за да се искористи и сокот.

Мешавината се остава две седмици на сонце, па се прецедува во стаклена тегла. Со смесата се мачкаат градниот кош и слепоочниците. Најдобро делува кога се користи свежа мешавина, па затоа не треба да се приготвуваат големи количини.

ПЛОД ОД ДУЊА -против гихт и ревматизам. Варена, сушена или печена, треба да се приготвува и да се јаде колку што е можно почесто. Се верувало дека плодот е топол и сув па поради тоа делува против ревматизмот.

ТЕРАПИЈА ЗА ЧИСТЕЊЕ НА КРВТА- Сварете млада коприва како спанаќ и направете салата, или пак со смесата наполнете палачинки. Овој рецепт, особено во пролет и лето, треба да биде чест на трпезата.

ОБЛОГА ПРОТИВ ИЗГОРЕНИЦИ – Сварете ленено семе (3 лажици на 1 литар вода) и со течноста натопете ленена ткаенина. Топлата облога ставете ја на рана. Тоа ќе ја ублажи болката и ќе го забрза лекувањето.

СРЕДСТВО ПРОТИВ ПОВРАЌАЊЕ – 31 г прав од ким измешајте со 11 г прав од бел пипер и 8 корен од анасон во прав. Ставете во стаклена тегличка и посолувајте го лепчето за јадење. Се консумира по потреба.

ЛОШ ЗДИВ – Еден грст жалфија сварете во добро вино и често пијте како топол напиток. Лошиот здив сигурно ќе исчезне. Не засладувајте со шеќер или мед бидејќи може да се намали дејството. Исто така, против лош здив, непријатно потење и лоши мириси на телото, џвакајте анасон на гладно.

КАША ОД БЕЛ СЛЕЗ- за главоболки – Облогите направени од бел слез или жалфија и поставени на слепоочниците помагаат при главоболки. Еден грст свежи листови од бел слез и половина грст свежи листови од жалфија истолчете ги и помешајте ги со маслиново масло. На малку загреана ленена крпа намачкајте од смесата и ставете на чело. Преспијте со облогата па следниот ден ќе ви биде подобро.

ПРАШОК ОД СЕМЕ ОД ЦЕЛЕР – за инфекции и имунитет. Се прави мешавина од: 60 г семе од целер во прав, 20 г седеф (Ruta graveolens) во прав, 10 г каранфилче во прав, 15 г мускатно оревче во прав, 5 г чувар куќа во прав. Мешавината се става во соларник и од неа се посолува на лепче намачкано со мармалад од дуња.

ОНИКС ЗА ЗДРАВИ ОЧИ – Ониксот помага при проблеми со очите. Овој камен 30 дена се држи во добро вино, а потоа се вади. Очите редовно се мачкаат со ова вино. Црниот оникс, пак, помага при депресија и црни мисли.

АМЕТИСТ ПРОТИВ НЕЧИСТА КОЖА – Аметистот помага против нечиста кожа и за дамки на лицето. Пациентот мора да го навлажни каменот со своја плувачка, а потоа со каменот да се мачка по кожата. Исто така, се загрева вода, а аметистот се држи на пареата. Кондензираната водена пареа која истекува од каменот треба да капе во водата. На крајот, каменот се става во водата, и со неа се мие лицето.

ГОРСКИ КРИСТАЛ ЗА СРЦЕ И ЖЕЛУДНИК – Кој пати од болки во срцето, желудникот или цревата, треба на сонце да го загрее горскиот кристал, преку кој потоа се прелива вода. Кристалот се става во водата малку време, а потоа се вади. Ако пациентот ја пие често оваа вода, ќе се ублажат болките.

НАПОМЕНА: статијата има информативен карактер и не заменува медицински совет и лек. Пред примена, консултирајте се со вашиот лекар.