Станува збор за Канарското семе од билката Phalaris canariensis или уште познато како семе за птици.

Ова семе обично го користат луѓето за да ги прехранат своите птици, но поради своето богатство од аминокиселини и ензими, исто така е одлично и корисно за човековиот организам.

Канарско семе – факти:

Експертите велат дека овој вид на семе содржи големи количини од ензимот липаза, што е исклучително корисен за процесот на варење на храната. Овој ензим ги распаѓа масните клетки така што тие многу побрзо се апсорбираат низ цревата.​

Ензимот липаза, исто така, има голема хранлива вредност покрај тоа што ја олеснува дигестијата и ги намалува симптомите од целијачна болест. Експертите велат дека ова семе содржи и различни видови на растителни протеини.

Канарско семе – здравствени придобивки:

Тоа е суперздраво семе кое го забавува процесот на стареење и ја затегнува кожата. Помага во регенерирање на панкреасот и помага во контролирање на дијабетесот.

Ензимите што ги содржи канарското семе се сметаат за природен лек. Тие се многу корисни за намалување на отоците кои се јавуваат во внатрешните органи како што се: бубрезите, црниот дроб и панкреасот.

Исто така, се користи за спречување на артериосклероза.

Успешно ги елимира вишокот течности од организмот, па затоа се смета и како ефикасен лек за хипертензија.

Помага и во други здравствени состојби како што се: гастритис, чир на желудникот, гихт, едем, дебелина, подуен стомак, целулит итн. Ја лекува цирозата и воспаленијата на црниот дроб.

Домашно млеко од канарско семе – Рецепт:

Потопете 5 лажички од семето во вода и оставете да киснат преку ноќ.

Следното утро процедете ја водата а семето ставете го во блендер.

Додадете соино млеко или овошен сок. Може да додадете и малку мед, но никогаш не додавајте шеќер.​

Ова млеко е многу хранлив и енергетски пијалак и одличен е започнување на денот.