Ros maris или “моркса роза”, како што го нарекувале старите грци и Римјани, бил познат како лековита билка уште од древни времиња и бил посветен на божицата Афродита. Кај нас е познат е како рузмарин.

За време на големите епидемии на чума, луѓето носеле гранчиња рузмарин со себе за да се заштитат од заразата.

Во средновековните книги, поради горчливите материи кои ги содржи, рузмаринот се препорачувал за дигестивни проблеми. Бил познат и како подобрувач на крвотокот.

Се препорачувал и после некоја тешка болест за закрепнувањето на сцето во старост, најчесто во облик на рузмариново вино. Рузмаринот бил главна состојка на познатата “унгарска водичка”, лек кој во 14.век го користела унгарската кралица Изабела.

Имала 72 години и патела од гихт, но само после една година консумирање на овој лек, таа оздравила и ја повратила убавината до таа мера, што полскиот крал ја побарал за жена.

Поновите истражувања откриваат дека рузмаринот е силен антиоксиданс кој го спречува процесот на стареење.

Рузмаринот содржи флавоноиди кои ја поттикнуваат циркулацијата, ги јакнат капиларите и го подобруваат проток на крв до сите ткива, а со тоа се објаснува и традиционалната употреба на рузмаринот за подобрување на памтењето и концентрацијата, потоа, против главоболки, како и за поттикнување на растот на косата.

Рузмаринот делува смирувачки на дигестивниот систем, па се препорачува при пречки во варењето и ресорпцијата во цревата, при грчеви во желудникот и опстипација.

Истражувањата утврдиле дека екстрактот од рузмарин го помага лачењето на жолчни сокови, а тоа е од особена важност за разложување на мастите.

Едно друго истражување објавено во 1995 година, откива дека оваа билка е одличен диуретик и дека го чисти црниот дроб од отровни материи.

Рузмаринот е ефикасно противвоспалително средство. Има антибактериско дејство и поволно делува за искашлување па може да се употребува и за лекување на бронхитис, инфекции на уво, нос и грло.

Покрај тоа, рузмаринот е ефикасно средство за јакнење при општ умор. За надворешна употреба маслото од рузмаринот се разблажува со неутрално масло, како што е сончогледовото, па се употребува за вртривање при болки во мускулите, ишијас и реуматични болки.

Еве што се случува ако чај од рузмарин додадете во водата за бањање:

Ако чајот од рузмарин го додадете во водата за бањање, помага при ублажување на реумата.

Екстрактот од рузмарин ја поттикнува циркулацијата на темето па се нанесува како средство за спречување на претерана ќелавост. Исто така, помага и во лекувањето од првут.

Етеричното масло од рузмарин никако не го ставајте во уста и чувајте го подалеку од деца. Бремените жени и доилките може да го користат рузмаринот само во минимални количини кои се сметаат за нормилни при готвењето.

Рузмаринот е многу разгранета, ароматична грмушка која може да порасне до 1-3 метри во висина.

Дрвенест е само во долните делови, со густи игличести листови, со ивиците свиткани надолу. Билката цвета двапати годишно, во април и септември.

Најдобро успева на топло место заштитено од ветар, на делумно песоклива почва. Цветовите се берат кога се во целосен цвет, а листовите, односно гранчињата, може да се берат во текот на целата година.

Во текот на зимата треба да се заштити од студ, или да се внесе внатре доколку е засаден во саксија.

Чајот лекува главоболки а тинктурата за масажа помага при реума.

Младите врвови, листови и цвет од рузмарин се идеални за чај, кој е добар лек против главоболка, грчеви во желудникот, настинки и нервна напнатост.

Ако патите од депресија, инхалацијата со чај од рузмарин може многу да ви помогне. Благотворно делува и врз опуштање на мускулите, дигестивни пречки и менструални грчеви.

Лажичка свежи листови или суви листови од рузмарин прелијте ги со една шолја зовриена вода и оставете да отстои 15 минути. процедете. Пијте две шолји дневно. навечер не го пијте бидејќи нема да можете да заспиете.

Можете да ја пробате и тинктурата од рузмарин. За да ја приготвите: прелијте 20 г рузмарин со 100 мл алкохол и оставете да отстои 10 дена. процедете.

Консумација: од 15 до 20 капки на ден во чаша вода. надворешно се користи за масажа при реума или проблеми со циркулација.

Рузмариново вино за циркулација

Две супени лажици листови од рузмарин и цвет треба да се потопат во еден литар домашно бело вино, да се остави да отстои 6 дена, а потоа да се процеди.

Се пие по една ракиена чашка (0,3 дл) наутро на празен стомак. Рузмариново вино го смирува срцето, го поттикнува мокрењето и ја подобрува циркулацијата на крвта. Се користи при водени болести, реума, гихт и воспалени зглобови.