Ова е неверојатна и вистинита приказна за човек кој се спасил од смртоносниот канцер.

Неговата приказна открива една обична билка која му го спасила животот. Можеби не е за верување, но овој човек тврди дека со помош на ова растение тој се спасил од смртоносната болест.

Неговата шокантна приказна започнува уште во 2002 година, кога му бил дијагностициран тумор на мозкот со големина од 5,5 см. Па така, тој заминал на операција во Бугарија, каде успешно му бил отстранет.

Но, тоа не било крајот. По само две години, туморот се вратил со иста големина и тоа со метастази.

Овојпат докторите му препорачале ласерска операција. И повторно, туморот бил успешно отстранет, но со извесни последици: неговите лева рака и нога биле парализирани.

Тој вели дека оттогаш животот започнал да му зависи од онкологијата. Подлегнал на радиотерапија, но и тоа не му помогнало. Туморот повторно се вратил па му била извршена нова, трета операција.

По неколку месеци опоравување заминал на рехабилитација каде се запознал со еден човек кој засекогаш му го променил животот.

Овој негов нов пријател боледувал од рак на бубрези а лекарите му рекле дека му остануваат само 2-4 месеци живот. Тогаш побарал помош во алтернативната медицина и пронашол жена која лекувала цо црни бобинки од бозел (Sambucus nigra).

Сте слушнале за бозел? Тоа е грмушесто растение кое цвета со прекрасни бели цветови и дава плод како црни/црвени бобинки. Овие бобинки имаат неверојатна исцелувачка моќ.

Процесот е многу едноставен: Се берат бобинките, се мијат и се оставаат да се исушат.

Потоа се полни стаклена тегла со стандардна големина: ред бобинки, ред шеќер и сè така до врвот. Теглата се затвора со газа и се остава на сонце две седмици за да започне процес на ферментација.

Потоа теглата се затвора и се чува во фрижидер. Потребни ви се само две дози од овој лек. Се консумира по една мала лажичка од овој лек, 10 минути пред појадок.

Човекот вели:

“Пријателот кој ми го кажа овој лек вели дека е многу моќен и ефикасен. Тој започнал да го користи после страшната дијагноза а оттогаш изминале пет месеци и тој се’ уште е жив!

Затоа и јас одлучив да го го пробам овој лек. Оттогаш нема никакви знаци од туморот. Поминати се 4 години и јас сум здрав.”

Oвој човек ја споделува својата приказна со сите луѓе во светот, па дури и некои доктори го препорачуваат неговиот рецепт за лекување од тумор на дојка.

“Смесата немај најдобар вкус, но по некое време ќе се навикнете. Го зголемува имунитетот и ќе го подобри вашето здравје.” – вели овој човек.

Како да направите сок од бозел без шеќер

Сок од бозел се прави на повеќе начини. Особено е познат рецептот за сируп во кој се додава многу шеќер. Наспроти тоа, ова е еден рецепт за сок од бозел без шеќер:

Потребни состојки:

10 цветови бозел
1,5 литар вода
Сок од 1 лимон
Стевиа, природен засладувач

Подготовка:

Свежо набраните цветови потопете ги во бокал или поголема стаклена тегла со студена вода. Оставете да отстојат 24 часа. Потоа процедете го, додајте сок од лимон о стевиа според вкус, а може и мед.

Овој сок не може долго да стои и мора да се испие истиот ден (може да се чува во фрижидер 24 часа). Во ваквиот сок можете да уживате во текот на мај и јуни. Кога ќе измине сезоната направете го овој сок од бозел.

Витамински сируп од бозел

Исклучително освежителен и здрав пијалок

Бозелот помага и при невралгии, при ишијас и болки во крстот (лумбаго). Како природен лек против овие болести се користи сокот од бозел, кој може да се пие ладен или топол. Сокот од бозел со голем успех ја лечи и невралгијата на нервот Тригеминус (нерв на лицето)…

Потребно:

40 големи цветови бозел, колку една дланка (Sambucus nigra)
2 домашни лимони, исечкани на тркалца
4 литри вода

Подготовка:

Цветовите и лимоните ставете ги во голема тегла, прелијте ги со студена вода. Оставете да отстои 24 часа. Следниот ден процедете а во течноста додајте:

2-3 кг шеќер
4 кесички лимонтос
4 лимони, исцеден сок

Оставете да отстои уште 24 часа а повремено промешувајте за да се растопи шеќерот.

Следниот ден се полни во стаклени шишиња и се чува во фрижидер.

Употреба: како и сите останати сирупи, пред пиење се раствора со вода, а најдобро е да консумира двапати во денот. Овој витамински сируп е подеднакво добар и за деца и за возрасни.

Благ бозел за подобро варење и против гасови

Angelica archangelica- Бозелот е многу крупно растение, до 2 метра висина. Стеблото е право и празно. Цвета во јули и август. Се одгледува во мочуришни места но може да се најде и како дива билка. Целата билка има својствен ароматичен мирис. Со дестилација на смелените плодови и корењата, се добива многу добро етерично масло, кое најмногу го користат фабриките за десертни пијалоци.

Благиот бозел поволно делува на желудечно-цревните органи, го олеснува варењето, ги отстранува гасовите и тешкотиите, кои поради тоа се создаваат. Не е штетна и не предизвикува навика. Поради пријатниот мирис сите со задоволство ја земаат.

1.ЧАЈОТ ЗА ПОДОБРО ВАРЕЊЕ  се подготвува така што 2 грама корен или семе од благ бозел, се прелива со 100 грама врела вода.

2.ЧАЈОТ ПРОТИВ ГАСОВИ, ГРЧЕВИ И ДРУГИ ПРЕЧКИ: 30 г корен од благ бозел и по 15 г камилица, нане, сладок анасон и ким, се меша и од таа смеса се земаат по 2 големи лажици, се попарува со 100 г врела вода, се поклопува, се остава да стои покрај шпоретот, но не да врие и се пие 2-3 часа по јадење.

Лекување со бозел

Бозелот (Sambikus nigra- Caprifoliaceae) е грмушка или дрво со многу разгрането стебло. Кората на гранките и стеблото е со сива боја. Лисјата се издолжени и на краевите се ситно назабени. На врвот на гранките цветот е собран во вид на чадор со бела или жолто-бела боја и има специфичен мирис. Плодовите се мали, црно-виолетови, во вид на бобинки.

Бозелот расте по сончеви и влажни, напуштени места.

Од растението се собира кората од младите гранки, цветот, плодот и листот.

Цветовите се собираат во мај и почетокот на јуни, листовите пред да цвета, а плодот кога е зрел-во септември.

СОДРЖИ: Листот содржи гликозид, танин, смола, витамини, самбунегрин. Цветот содржи гликозид, самбунегрин, рутин, етерско масло, танин, смола и др. Плодот содржи покрај горенаведените хемиски материи, уште и витамини Б1, Б2 и Ц.

ПОДГОТОВКА И УПОТРЕБА: Чај од цветот предизвикува потење и затоа се употребува против настинка, грип, воспаление на белите дробови и дишните органи, реума.

Една чајна лажица (10г) сув цвет се попарува со 1л зовриена вода, се поклопува и се остава да отстои 30 минути. Се пие на секои 2 часа по една мала чашка: против настинка, болки во нозете, воспаление на средното уво, главоболка и воспаление на крајници. Може да се заслади со мед.

Дејството е појако ако се направи чај од смеса на: 4 дела цвет од бозел, 3 дела липа, и 3 дела камилица.

ПРОТИВ ГОЛЕМА КАШЛИЦА: се прави чај од: 20г цвет од бозел, 10г лист од питом костен, 10г мајкина душичка. Три супени лажици од смесата се попаруваат со 400 мл зовриена вода, се поклопува и се остава да отстои 2 часа. Се процедува и на секои 2 часа се пие топол чај по една супена лажица.

Сварени плодови од бозел како каша се разредуваат со малку вода и се пијат за освежување и прочистување на крвта.

4 супени лажици од бозел се попаруваат со 500 мл зовриена вода и се додаваат 2 супени лажици мед. Се пијат 3 чаши дневно како лек за болни бубрези, шеќер и недоволно мокрење.

25 г лист од бозел и 25 г лист од орев се варат во 500 мл црно вино само 5 минути. Се процедува и се пие по една мала чашка после јадење, како лек за шкрофулоза (туберколоза на лимфни жлезди на вратот).

Млак чај од свеж или сув лист од бозел се става во уво по 4-5 капки, 2 пати на ден за подобрување на ослабен слух.

Чај од 7-8 листа од бозел се вари со 200 мл вода 6 до 8 минути и му се додава 1 супена лажица мед. Се пие како лек против астма, болести на срцето, желудникот, бубрезите, и за прочистување на цревата. Се употребува и како облога при надворешни чиреви на кожата.

Џем од бозел

Потребни состојки:

1 кг бобинки од бозел
500 г шеќер
1 лимон (сок и пулпа)
1 пакување желатин

Начин на приготвување:

Бобинките убаво се чистат и мијат, па се ставаат на оган да провријат околу половина час. Тегличките  и капачињата се ставаат во рерна на 50 степени околу 20 минути. Во бобинките се додава желатинот па се вари уште уште 5 минути. Се додаваат шеќерот и лимонот, се промешува уште малку додека да се изедначи а шеќерот да се растопи. Се полнат топлите теглички, се затвораат и за кратко се превртуваат наопачки.

Сируп од бозел – домашен бабин рецепт со вкус на пролет

Бозелот е во полн цвет и секако е време овој преубав мирис и арома да го сочуваме за следните месеци. Најпопуларните варијанти за консумирање на цветот од бозел се пржење во смесата за палачинки, сируп и чај, а сирупот се прави од бобинките кога ќе бидат зрели.

Цветовите од бозел се берат во сончево време и тоа, само оние кои се целосно расцветани со жолтеникав сладок прав. Внимавајте од кое место го берете бозелот, односно одбегнувајте ги загадените места и канали, а потрудете се да пронајдете чиста грмушка од оваа лековита билка.

Овој рецепт (ќе го прочитате подолу) е за околу 4 литри сируп, па доколку сакате помалку или повеќе, прилагодете го односот на состојките според вашите потреби. А тоа значи, дека на 10 цветови треба да користете 1 литар вода, 1 кг шеќер и 1 лимон, односно:

100 цветови бозел
10 литри вода
10 кг шеќер
10 лимони (по можност непрскани).

Ќе ви биде потребен и поголем сад, како и чисти, подготвени стаклени шишиња со чепови за складиштење. Што се однесува до „лајт“ варијантата со помалку шеќер, знајте дека шеќерот е природен конзерванс и дека со намалување на неговата количина ризикувате да ви се расипе сирупот.

СОСТОЈКИ ЗА СИРУП ОД БОЗЕЛ:

30 цветови бозел
3 литри вода
40 г лимонска киселина
3 лимони
3 кг шеќер

ПОСТАПКА:

1.Цветовите потопете ги во вода со лимонска киселина и исечен лимон со кора. Добро промешајте и оставете да отстои на ладно и темно место 24 часа.

2.Вториот ден процедете, а во течноста додадете шеќер и добро промешајте. Оставете да отстои уште 24 часа со повремено мешање.

3.После 48 часа сирупот е спремен за складиштење. На овој начин можете да го чувате на ладно и темно место до една година.

Мевлем од кантарион и бозел

3 китки цвет од свеж кантарион
5-6 млади гранки од бозел-кора
1200 мл масло
250 г природен восок од пчели

Во стаклена тегла од 2 литри се става издробен кантарион, иситнета кора од бозел и се полива со масло. Теглата се затвора и се остава да стои на сонце 40 дена. Потоа се цеди во тенџере, се додава восокот и се става на оган за да проврие. Постојано се меша со дрвена лажица се’ додека се стопи восокот и се добие изедначена смеса. Тенџерето се отстранува од огинот и повторно се меша за да нема грутки. Се покрива со крпа и се остава да се излади. Изладената маст се полни во мали теглички или соодветни кутии од кремови.

Дејство: во права смисла на зборот оваа маст е прав мевлем за било какви рани и повреди на кожата, исеченици, испукани пети, рапави раце, испукани брадавици на дојка, идеално делува при изгореници и на отворени рани.

Помага оштетеното ткиво да се обнови без последици. На отворени рани маста се нанесува околу раната за да може да ја зарасне.