Прошетките во природа носат ризик од убоди од крлежи, кои се најактивни токму во пролет. Овие мали и тешко воочливи паразити се предизвикувачи на многу заболувања, меѓу кои и најопасната Лајмска болест.

Оваа болест се карактеризира со тоа што симптомите не се јавуваат веднаш по убодот на инсектот, туку може да помине многу време до појава на болеста.

Најчесто се манифестира со црвенило околу зглобовите кое често се сели од еден на друг зглоб. Во подоцнежните фази предизвикува оштетување на периферниот нервен систем и енцефалитис, односно воспаление на мозокот, предупредуваат експертите и потсетуваат на мерките за заштита на кои треба да се придржуваме:

-Се препорачува заштита со соодветна облека и обувки – долги ракави и ногавици вовлечени во чорапите и затворени чевли. Облеката е потребно да биде со посветла боја, бидејќи на тој начин полесно се забележуваат крлежите.

-Движењето треба да се ограничи на точно обележани стази и да се одбегнува провлекување низ грмушки, лежење во трева како и простирање на облека по гранки од дрво, грмушки и зелена површина.

-Би било добро да се користат средства кои ги одбиваат крлежите, односно пред излегување да се нанесат на откриената кожа. Задолжителен е прегледот и туширањето после секоја прошетка во природа.

-При прегледот посебно внимание треба да се обрати на деловите од телото со нежна кожа – местата позади уши, тилот, вратот, препоните, дојките, пазувите, местата зад колената и папокот, додека кај децата крлежите често можат да се закачат и на главата.

-Ако најдете крлеж на кожата или на облеката, што поскоро обратете се на лекар и не се обидувајте да го извадите сами.

Сопствениците на животни, особено кучиња, знаат колку е тешко да го ослободат од болви нивното домашно милениче.

Најчесто се препорачуваат хемиски препарати кои се полни со хемикалии и може да му наштетат на миленичето.

Овде ние ќе ви покажеме природно решение за болви, кое нема да му наштети на вашето куче:

Потребни состојки:

200 г Дијатомејска земја во прав (од аптека)

50 г ајдучка трева

Половина чаша Ним (Neem) во прав

20 капки етерично масло од еукалиптус

*Состојките можете да ги најдете во земјоделските аптеки

Подготовка и објаснување на состојките (плус видео):

Измешајте ги сите состојки додека не се добие убава смеса.

Нанесувајте ја оваа маска на крзното од вашето милениче, така што убаво ќе ја втриете.

Избегнувајте ги областите околу носот и очите.

Лекот се нанесува секој втор ден, односно до постигнување на ефектот.

Инаку состојките кои се користат во овој препарат се многу корисни.

Нимот се користи против крлежи.

Диајтомејската земја содржи силициум диоксид и се користи против многу штетници во домот и во градината.

Ајдучката трева ја елиминира иритацијата и воспалението, а Еукалиптусот е есенцијално масло кое има антисептички својства, го забрзува лекувањето на раните (предизвикани од чешање) и каснувањата од крлежи.