Се прави многу едноставно, со готови кори за пита. Питата е многу вкусна, крцкава и сочна, па треба да ја испробате. Еве што ви е потребно:

Потребни состојки:

500 г кори за пита, околу 10 листови

за фил:

500 г мелено јунешко или мешано месо
2 главици кромид
1 рака сечкан магдонос
сол и црн пипер по вкус
100 мл масло

за прелив:

200 мл јогурт
200 мл газирана вода
4 јајца
малку сол

Постапка:

1.Испржете го ситно сечканиот кромид на масло. Додајте го месото, посолете и запиперете по вкус.

2.Зголемете ја температурата и пропржете го убаво месото околу 10-15 минути со промешување.

3.Убаво наросете ситно сечкан магдонос.

4.Во намастен плех ставете 2 кори, па нанесете од филот. Може веднаш топол да се става.

5.Потрошете го целиот материјал, па исечете на помали коцки.

6.Прелијте со изматени јајца, јогурт и минерална газирана вода.

7.Оставете околу 15 минути за да може преливот да се впие во засечените делови.

8.Ставете да се пече во загреана рерна на 200 степени. Печената пита уште еднаш засечете ја за убаво да излегуваат парчињата.