Срцевиот напад е еден од основните причини за предвремена смрт во современиот свет. За жал, оваа болест може да се појави ненадејно. Сепак, некое време пред трагедијата телото ни испраќа сигнали кои не смеат да се игнорираат.

Веќе имаме пишувано кои се тоа сигнали, но излезе дека кај жените се манифестираат на малку поинаков начин, отколку кај мажите. Ова се шест знави кои треба секој да ги знае за да може да спречи несреќа.

Овие симптоми се широко распространети токму кај жените. Тие често ги збунуваат припадничките на понежниот пол, бидејќи инфарктот се поврзува најпрво со болка во градите и левата рака, а никако во вилицата и вратот.

Болката може да се засилува, може да биде тапа или остра, може ненадејно да ве разбуди од сон. Токму затоа е важно, доколку се појават вакви необични симптоми, да се консултирате со лекар.

Сигналите за претстоечкиот срцев удар може да се помешаат со симптоми на обично труење, грип или ждригавица. Понекогаш жените чувствуваат притисок во атомачниот дел, а тоа чувство го опишуваат како “слон да ми седнал врз стомакот”.

Ладн пот е општо познат симптом кај жените. На пациентот му се чини дека тоа е поврзано со стрес или некоја возбуда. Сепак, ако порано не ви се случувало ништо слично, треба да се обратите на специјалист.

Проблеми со дишење, без очигледни причини – е сигурен знак дека нешто не е во ред, особено ако се јавува заедно со останатите симптоми. Жените кои доживеале инфаркт велат дека се чувствувале како да истрчале маратон, а притоа воопшто не се движеле.

Ако дури и после подолг одмор, се’ уште чувствувате голем замор и немате сила ни за наједноставни задачи, тогаш тоа е сигнал за аларм. Промена во издржливоста и способноста за извршување на различни вежби, исто така треба да бидат предупредување.

Ако го губите здивот веднаш после првата угорнина или скали, а порано без проблем сте се качувале и на петти кат, тоа е доволна причина да се замислите за здравјето на вашиот кардиоваскуларен систем.

Болка во градите, непријатност, жарење, чувство како да ви го притиска нешто градниот кош – сите овие симптоми се јавуваат неврзано за полот. Но, некои жени чувствуваат болка не на левата страна од градите, туку во целата област. Ако болката или притисокот не поминува после неколку минути, итно побарајте помош од лекар.

Напомена: Овие симптоми не се гаранција за срцев напад. Сепак, доколку се јават заедно или пак често се повторуваат, тоа е доволна причина да се јавите на лекар. Навремената медицинска помош може да ви го спаси животот. Чувајте се!