МРЗЛИВА ЖЕНА: Освежителен десерт готов за 15-20 минути. Овој рецепт вреди да се проба, бидејќи неодоливо е вкусен. Многу брзо и лесно се приготвува. Еве што ви е потребно:

Потребни состојки: 600 г шлаг во прав, 700 мл газирана вода, 200 г кисела павлака 20% мм, 250 г мелени бисквити (плазма), 1 лажица какао во прав, 250 г замрзнати малини, 100 г турски бисквити или некои други по ваш избор, 30 г сечкано чоколадо, малку црно и бело чоколадо за декорација

Постапка: шлагот изматете го со газираната вода. Додајте 200 г кисела павлака и убаво соединете мешајќи со силиконска шпатула или лажица, па уште еднаш изматете со миксер. Кремот поделете го на три еднакви дела.

Во првиот дел додајте 250 г мелени бисквити и една лажица какао. Измешајте со лажица и убаво соединете. Смесата рамномерно распоредете ја во тркалезен калап бр.24 чие дно е премачкано со малку путер и калапот е обложен со проѕирна фолија.

Во вториот дел додајте 250 г замрзнати малини и промешајте. Овој крем нанесете го врз првиот и убаво израмнете.

Во третиот дел додајте кршени турски бисквити (со какао, потемни, поради контраст, но може да употребите и други) и сечкано чоколадо. Промешајте и филот нанесете го врз кремот од малини. Убаво распоредете и израмнете.

Тортата оставете ја во замрзнувач еден час убаво да се стегне. Одозгора декорирајте со рендано млечно и бело чоколадо. Извадете го обрачот и отстранете ја фолијата. Вашата торта е спремна за сечење и послужување.

Видеопрезентацијата погледнете ја ОВДЕ. За повеќе рецепти заследете ја NMD.mk, лајкнете ја и споделете ја нашата страница. Следно прочитајте: “МРЗЛИВА ТОРТА – Без печење и готвење, но има одличен вкус, готова е за 10 минути“ – ОВДЕ.

МРЗЛИВА ТОРТА – Без печење и готвење, но има одличен вкус, готова е за 10 минути