Многу брза, лесна, едноставна и многу вусна погача која е здрава и лесна за стомакот. Совршено прилега со чаша јогурт или кисело млеко.

Потребни состојки: 2 чаши пченкарно брашно, 2 чаши пченично брашно, 1 прашок за печиво, 1 лажичка сол, 1 чаша масло, 1,5 чаша млеко, 1 јајце, 300 г спанаќ* (смрзнат со путер, или поголема количина ако е свеж), путер или маргарин за намастување на тепсијата и сусам за наросување. *Наместо спанаќ можете да користите праз.

Постапка: Двете брашна измешајте ги заедно со прашокот за печиво, сол, масло, млеко, јајце и спанаќ (ако не користете свеж спанаќ – кратко обарете го), па по наведениот редослед ставајте ги состојките во сад и промешајте ги во еднолична смеса.

Излејте ја смесата во тепсија која претходно сте ја намастиле со путер или маргарин. Преку смесата наросете малку сусам.

Ставете да се пече на 220 степени околу 30-40 минути, додека да зарумени. Послужете топло или ладно со јогурт или кисела павлака.