Повеќето луѓе ја приготвуваат пченката на вообичаен начин, што значи дека ја варат во вода од чешма. Ако сте љубител на пченката, тогаш сте на вистинското место!

Овој метод всушност е многу едноставен.

Упатство:

Ставете вода на оган да зоврие. Кога ќе почне да врие додадете малку млеко и путер. Дури потоа ставете ја пченката во побелената вода да врие.

Пченката приготвена на овој начин е многу вкусна, бидејќи зрната го апсорбираат млекото и путерот.

Она што овој метод го прави да биде супериорен е фактот дека овозможува да го прескокнете оној дел на размачкување на путерот врз топлата пченка, што понекогаш знае да биде неуредно : – )