Печени пиперки полнети со сирење

Потребни состојки:

  • 5 печени црвени пиперки
  • 2 јајца
  • 150 г сирење
  • малку брашно
  • масло или маст за пржење

Постапка:

Со виљушка изматете две јајца и соединете ги со издрпбеното сирење. Печените пиперки излупете ги и богато наполнете ги со смесата од сирење и јајца. Ако сирењето е солено, тогаш не треба да ги солите пиперките.

Внимателно извалкајте ги пиперките во брашно, истресете го вишокот па пржете ги во загреано масло на умерена температура – 10-тина минути на секоја страна, додека убаво да поруменат.

Најубави се додека се топли, а можете да ги сервирате со кефир, јогурт или кисело млеко…

Loading...