Ако не сте ја пробале досега, време е да ја пробате, највкусната едноставна кремаста торта!

Потребни состојки: 6 пудинзи од ванила, 1,5 литар млеко, 8 лажици шеќер или по вкус, 250 мл слатка павлака за шлаг, 2 шлагфикс, 250 г наполитанки или бисквити, 200 кокосово брашно, 100 г бадеми, 100 г чоколадо

Постапка: Сварив 6 пудинзи од ванила во 1,5 литар млеко (одзедов 200 мл млеко за да се промеша прашокот од пудингот). Шеќер ставете по желба, кој колку сака да му биде слатко.

Направив шлаг од 250 мл слатка павлака и додадов 2 шлагфикса, па го промешав во целосно изладениот пудинг. Добиениот крем се дели на три еднакви делови. Во првиот дел се става 250 г издробени наполитанки (може да ставите и мелени бисквити),

Во вториот дел се додава 200 г кокос, А во третиот дел се става 100 г мелени бадеми и 100 г растопено чоколадо. Наместо бадеми може да ставите ореви или лешници. Ако не сте ја пробале досега, да знаете дека тортата е превкусна.

Редење: Се користи калап 24х26 см, многу малку се намастува со масло или путер, рамномерно се распоредува првата смеса, врз неа се распоредува втортата смеса, а потоа се нанесува и третата смеса. Се остава во фрижидер околу еден час да се стегне, па се сече и се послужува.