Пиперки полнети со сирење во павлака, најубавото мезе

Јас користам ситни бабури, но може да користите било какви.

Потребни состојки:

15-20 ситни бабури
1,5 кг сирење
500 г фета сирење
4-5 чешниња лук
1,4 кг кисела павлака + сол по вкус

Постапка:

Пиперките измијте ги, отстранете ги дршките и семето. Пиперката посолете ја и оставете ја да отстои 1-2 часа.

1,5 кг сирење соединете го со 500 г меко фета сирење, па додадете 4-5 чешниња лукче.

Секоја пиперка полнете ја со сирење.

Две кантички или 1,4 кг кисела павлака посолете ја по вкус. На дното од теглата прво ставете павлака, па редете полнети пиперки со наизменично додавање на павлака.

Целата постапка можете да ја погледнете во видеото:

Loading...