Фотографија и рецепт на Марица Илиќ Стаменковиќ. Ова се познатите КРИНГЕЛ – Естонски плетенки.

Јас ги направив со солен фил од сирење и јајца, само од сирење, јајца и спанаќ. Филот може да биде и сладок, на пример само нутела или некој џем или нешто по ваш вкус.

Потребни состојки: 400 г брашно, 150 мл млеко, 40 г путер,, 20 г квасец, 1 лажичка шеќер, 2 лажички сол и 1 јајце

Постапка: Квасецот се дроби во млако млеко заедно со шеќер и брашно се меша да се раствори и растопи. Се остава на топло да започне ферментацијата и да се активира квасецот.

Потоа во преостанатото брашно се додава млекото, изматеното јајце, сол, растопен путер и на крај активираниот квасец.

Крингел (Фото и рецепт: Марица Илиќ Стаменковиќ)

Се замесува мазно тесто и се остава да ја удвои својата големина. Потоа од тестото се прават топчиња кои се развлекуваат во вид на правоаголници. Се премачкуваат со филот (јас ставив сирење и јајца, второто со сирење и третото со сирење и јајца).

Крингел (Фото и рецепт: Марица Илиќ Стаменковиќ)

Се витка во ролат. Секој ролат се пресекува по должина, на половина и се плете во плетенка. Од оваа плетенка може да се прават и венчиња. Се печат во загреана рерна околу 15 минути, на 200 степени колку да заруменат.

Крингел (Фотографија и рецепт на Марица Илиќ Стаменковиќ)