И покрај неверојатните достигнувања на модерната медицина, причината и некој сигурен лек за деменција се уште не е откриен. Затоа најголемиот фокус е свртен кон превенцијата.

Многу научници преку безброј студии се занимавале со истражување на она што би можело да го намали ризикот од ова дегенеративно заболување на мозкот, а неодамнешна голема анализа, објавена во списанието за Нутриција, Здравје и Стареење открила дека пиењето чај може неверојатно позитивно да влијае врз спречувањето на деменцијата за дури 50%.

Што е уште поневеројатно, научниците откриле дека кај пациентите со генетска предиспозиција за Алцхајмерова болест овој ризик може да се намали за неверојатни 86%!

“Податоците до кои дојдовме укажуваат дека едноставната и евтина навика како што е секојдневно пиење чај, може да го намали ризикот од развој на неврокогнитивни ореметувања во подоцнежна возраст”, открива главниот автор на студијата д-р Фенг Ли, професор по психологија на националниот Универзитет во Сингапур.

Бенефитите од чајот се невролошко здравје.

Освен пиење чај, Фенг и неговите соработници зеле во предвид и други фактори – здравствена состојба, физички и други социјални активности. Тие веруваат дека бенефитите кои ги дава чајот се клучни, а најмногу состојките од листот како катехини, теафлавини, теарубигини и Л-тианини. Овие соединенија имаат силни антивоспалителни и антиоксидативни својства, а други биоактивни состојки од чајот исто така, спречуваат васкуларни оштетувања и невродегенеративни промени во мозкот.

Кој чај е најдобар за превенција од деменција?

Фенг и неговите соработници ги истакнуваат следните видови чај: црн, зелен и бел. Не е важно кој од овие три чаја ќе одберете, секој од нив ги штити клетките од когнитивни заболувања поврзани со стареењето.