Половина час пливањe во морска вода е како три дена детокс – ЕВЕ ЗОШТО!

Според некои извори, пливањето во траење од половина час има еднаков детоксикациски учинок како тридневен пост. Еве зошто…

ХИДРОТЕРАПИЈА

Пливањето во море нè исполнува на повеќе нивоа. Меѓу другото, ни дава енергија и го активира механизмот за самоисцелување.

За разлика од бањите во обична (слатка) вода од која влажноста се извлекува од телото, во морската вода солта се складишти во горниот слој од кожата и ја врзува водата за себе, со што и помага на кожата да создаде природен заштитен слој и го спречува исушувањето.

Исто така, во текот на пливањето во морска вода, по пат на осмоза, телото ги испушта токсините, а ги впива минералите од водата, со што се воспоставува добра рН вредност на кожата.

Еве како треба да се однесувате во морето, за да искористите најголема благодет од него:

РЕЛАКСАТОР

Кога пливате во морска вода, легнете и лебдете на површината од водата.

Доколку е можно, тоа направете го некаде каде нема многу луѓе, за да ја почувствувате тишината и смирувачкиот шум на брановите. Лебдете колку е можно подолго.

Во почетокот, можеби ќе ги слушате само вашите мисли кои неконтролирано ќе се префрлаат од тема на тема додека да дојдат до проблемот кој ве вознемирува.

Кога ќе заврши овој внатрешен самоговор, настапува мир и спокојство, а умот ќе ви се прочисти од сите негативни мисли.

Ова лебдење во солена вода е докажано дека помага во редуцирање на стресот, бидејќи го намалува нивото на кортизол (хормон на стресот) а со тоа го намалува и високиот крвен притисок.

Исто така, помага во ублажување на болки и лекување на ревматоиден артритис, мигрени, ПМС симптоми, анксиозност и депресија.

Loading...