-Овој хемиски елемент ни е потребен секојдневно во мали количини за да бидеме здрави и за да може организмот да функционира како што треба.​

Цинкот природно може да се најде во одредени видови храна, како додаток на друга храна, но и како диететски суплемент.

Тој е одговорен за бројни функции во човековиот организам и помага во стимулирање на активноста на околу 100 различни ензими. Ниското ниво на цинк во организмот ни го нарушува имунолошкиот систем и не прави подложни на болести.

Овој хемиски елемент потребен ни е секојдневно во помали количини за да останеме здрави и за да може организмот да функционира како што треба.

Цинкот му помага на телото на различни начини, тој асистира во: создавање на хормони, раст и закрепнување, подобрување на имунитетот и олеснување на варењето.

Исто така, како антиоксиданс во телото се бори против штетите кои во организмот ги предизвикуваат слободните радикали.

Неопходен ни е поради хормонална рамнотежа, бидејќи доколку имаме и најмал недостиг на цинк, се зголемува можноста од неплодност или дијабетес.​

Без доволно цинк во исхраната, можно е да почувствуваме негативни ефекти како што се: често разболување, поголемо чувство на замор и слабост, лоша концентрација, успорен раст и неспособност на телото да ги излекува раните.

Недостигот на цинк е честа појава ширум светот и почесто се јавува кај луѓето кои не јадат доволно храна која го содржи овој елемент или кај луѓе кои имаат проблем со апсорпција на цинк, поради проблеми со дигестијата.

Најмногу цинкот може да се најде во храна богата со протеини, особено во протеините од животинско потекло, риба или млечни производи.

Исто така, може да се најде во мешунките и житариците, но не е еднаква апсорпцијата како што е случај со месото.

Истражувањата покажуваат дека во западните земји во кои повеќе се јадат јаглени хидрати, има поголем број луѓе кои патат од недостиг на цинк.

Најголем ризик од недостиг на цинк имаат оние кои повеќе јадат растителна храна, значи веганите и вегетаријанците, оние кои имаат проблем со дигестијата, а се верува дека и жените кои пијат контрацептивни пилули или кои се на хормонална терапија, може да имаат зголемен ризик од недостиг на цинк.​

Најчести симптоми кои укажуваат на недостиг на цинк:​

1. Промена во апетитот.

2. Промени во сетилата за мирис и вкус.

3. Зголемување или намалување на телесната тежина.

4. Губиток на коса.

5. Дигестивни проблеми, вклучително и дијареа.

6. Лош имунитет.

7. Хроничен замор.

8. Неплодност.

9. Лоша концентрација и памтење.

10. Хормонално пореметување, вклучително потешки симптоми на ПМС или менопауза.

11. Споро лекување на рани и воспаленија на кожа.​

Најголема корист од цинкот:​

1.Регулирање на имунолошкиот систем​

Според Европското имунолошко списание, на човековото тело му е потребен цинкот за да се активираат (Т) клетките кои му помагаат на телото на два начини, во регулирање и контролирање на одговорот на имунолошкиот систем и во нападот на заразените канцерогени клетки.

Недостигот на цинк може значително да го влоши функционирањето на имунолошкиот систем.

2.Помош при учењето и памтењето

Истражувањето кое било спроведено на Универзитетот во Торонто и објавено во списанието „Неурон“ покажало дека цинкот има клучна улога во регулирањето на тоа како невроните комуницираат меѓусебно и влијаат врз формирањето на памтењето додека учиме.​

3.Лекување на настинки​

Консумирањето на цинкот како додаток во исхраната помага во намалување на должината и интензитетот на обичната настинка кај здрави лица, доколку цинкот се земе во рок од 24 часа од појавувањето на првите симптоми на настинката.

4.Лекување рани

Цинкот игра значајна улога во одржувањето на структурата на кожата, па кај пациентите кај кои хронично се јавуваат рани и чиреви откриено е дека имаат недостиг на цинк и затоа им се препорачува да го зголемат внесот, надворешно преку аплицирање на кожа или преку суплементи и исхрана.​

5.Ги балансира хормоните​

Уште една улога на цинкот е балансирање на хормоните, вклучително и на инсулинот, главниот хормон кој е вклучен во регулација на шеќерот во крвта.

Цинкот е корисен за шеќер во крвта бидејќи се спојува со инсулинот, кој адекватно се складишти во панкреасот и се ослободува кога гликозата ќе навлезе во крвотокот.

6.Го одржува здравјето на срцето и ги зајакнува крвните садови

Цинкот е потребен и за регулација на здравјето на клетките во рамките на кардиоваскуларниот систем, додека истовремено ги намалува воспаленијата и оскидативниот стрес.

Ендотелот, тенкиот слој на клетките со кои се обложени ѕидовите на крвните садови, делумно се потпира на доволна количина цинк.

Цинкот помага во одржување на здравјето на срцето, поддржувајќи здрава циркулација, со оглед на тоа дека помага како природен лек за висок притисок.