Пченкарната излеана пита е едноставно јадење од народната кујна. Се приготвува од намирници кои веќе ги имате дома. Наросете ја со шеќер во прав и добивате прекрасен, вкусен колач. Ако ја сакате во солена варијанта, само исклучете го шеќерот.

Потребни состојки: 250 г пченкарно брашно, 1 сув квасец, 2 јајца, 50 г шеќер, 200 мл јогурт, 200 мл кисела павлака, 100 мл масло, 500 мл млеко, 1 лажичка сол и 100 мл слатка павлака

Постапка: Брашното и квасецот измешајте ги. Јајцата изматете ги со шеќерот, па додадете јогурт и кисела павлака, масло, топло млеко, сол, брашно со квасец и сите состојки добро промешајте ги за да се изедначат.

Смесата излејте ја во добро намастен плех 35х21 см и печете во загреана рерна на 200 степени, 30 минути. Прелијте ја со слатка павлака и запечете ја уште 10 минути.

Оваа излеана пита може да ја послужите наросена со шеќер во прав или премачкана со џем. При печењето плехот ставете го на второто ниво во рерната, а по потреба прекријте со фолија.