Еднаш кога ќе ја пробате, постојано ќе ја приготвувате на овој начин.

Потребни состојки: 4 чаша пченкарно брашно, 4 чаша пченично брашно, 1 прашок за печиво, 1-2 чаша масло, 3 чаша газирана вода, 1 чаша пиво, сол по вкус, 100 г маслинки и 2-3 лажици сусам + за наросување одозгора (може и семки по вкус).

Постапка: Рерната веднаш вклучете ја на 200 степени да се загрева додека се приготвува тестото. Брашното просејте го заедно со прашокот за печиво и измешајте го со пченкарното брашно. Додадете сол околу една лажица, две-три лажици сусам и ситно исечкани маслинки.

Во оваа смеса додадете една чаша масло, една чаша пиво и три чаши газирана вода. Убаво со лажица или шпатула промешајте ја смесата која по густина е полутечна.

Вака приготвената смеса се излева во огноотпорен сад обложен со хартија и ставете да се пече во загреаната рерна на 200 степени околу 40-45 минути. Печената проја оставете ја малку да излади, па исечете ја и послужете.

Сите детали околу постапката на приготвување можете да ги погледнете во видеото: