Потребни состојки:

500 г крем сирење

250 г мелени Плазма бисквити

400 г нутела или друг крем

100 г путер

Начин на приготвување:

На пареа растопете го путерот и една лажица нутела. Со оваа смеса прелијте го мелениот кекс и оставете се’ во фрижидер. Остатокот од нутела промешајте го со крем сирењето и добро изматете со миксер. Смесата која ја добивте исто така оставете ја во фрижидер малку да отстои. Потоа извадете ја од фрижидер основата за торта и префрлете во калап за торти.

Користете чаша за да израмнтете правилно. Преку основата нанесете ја смесата од сирење и нутела и сето убаво израмнете и распоредете. Вратете во фрижидер да отстои 20-25 минути за да стегне убаво. Тоа е тоа, вашата торта е готова, преубаво изгледа и има неодолив вкус.