Благодарение на една жена е направена оваа фотографија, на која се гледа како мајката птица се обидува да го нахрани своето малечко со отпушок од цигара.

Фотографијата е дело на Керен Мејсон, а ја направила на 20 јуни, на една од плажите во Флорида. Керен очајна од поразителната глетка, ја објавила оваа фотографија, а во описот напишала: „Ако пушите ве молам не оставајте ги отпушоците зад вас.“

If you smoke, please don’t leave your butts behind

Публикувахте от Karen Catbird в Понеделник, 24 юни 2019 г.

Нејзиниот апел набрзо се рашири вирално низ социјалните мрежи, откако била замолена да ја направи јавна за споделување.

Таа, исто така, додала: „Време e да ги исчистиме нашите плажи и да престанеме да ги третираме како еден огромен пепелник”, а потоа објавила и втора фотографија на која се гледа пилето во крупен план со отпушокот во своето клунче.

Некои од луѓето кои коментирале на фотографијата изјавиле дека е трогателна и катастрофална. Ова се дел од коментарите:

“Многу тажно!”; “Апсолутно обесхрабрувачки!”; „Тие не ги сакаат отпушоците! Време е да ги забраниме, насекаде! Што е со нашите права? На природата? Загадувањето е вон контрола!“

Отпушоците од цигари се ѓубре кое се наоѓа на врвот од топ 10 листата составена од страна на Ocean Conservancy, од најголемите загадувачи на плажите. Меѓу другите загадувачи се набројуваат: пластични кеси, сламки, капачиња, пластични чаши и шишиња…

this Skimmer chick was offered a cigarette butt by it’s parent. It’s time we cleaned up our beaches and stopped treating them like one giant ash tray. #nobuttsforbabies

Публикувахте от Karen Catbird в Сряда, 26 юни 2019 г.

Според Комисијата во Флорида за заштита на рибите и дивиот свет, овој вид птици прават гнезда покрај плажите и таму престојуваат од мај до септември, секоја година.

Апел до сите луѓе на планетата Земја: Грижете се за природната околина во која живееме заедно со останатиот жив свет!