Постојат многу козметички производи за нега на косата која според маркетинг рекламите трба да ја направат убава, сјајна и здрава пред се’. Се појавија бројни шпекулации за поедини состојки кои се содржат во шампоните, како што се сулфат и парабен за кои е познато дека предизвикуваат оштетување и кршливост на косата, па голем број луѓе ги одбегнуваат ваквите производи за да го сочуваат здравјето на косата.

Со оваа природна маска се враќа животот на косата и кожата, односно на темето, влакното добива сјај, коренот е нахранет и поздрав.

Потребни состојки:

3 лажици мед

3 лажици цимет

5-6 лажици јогурт

Постапка:

Измешајте ги состојките, па добиената смеса нанесете ја на косата и оставете да делува 15-20 минути. Потоа исплакнете. Веднаш, уште по првото користење ќе забележите разлика.

Ако имате помасна коса, додадете малку лимонов сок.

Ќе бидете задоволни со резултатите.