Резултатите се гледаат за една недела, а се работи за одличен напиток кој, покрај топењето на вишокот масти, одлично делува на вашето здравје, бидејќи е полн со антиоксиданти, влакна, витамини.

Ако сакате да се ослободите од „појасот“ на стомакот, пробајте го напитокот кој е многу лесен за подготовка и помага да се ослободите од вишокот масти, пишува „Top Healthy Advice“.

Се работи за комбинација од чиа семе, мед, лимон и вода во точно дефинирани количини.

Луѓето кои го испробале овој метод за слабеење велат дека навистина помага, а резултатите се видливи веќе за седум дена.

Освен тоа, се работи за состојки кои се многу добри за здравјето, така што целото тело ќе има корист од пиењето на овој напиток.

Потребни состојки:

1 лимон

1 лажица чиа семе

1 лажица мед

1,5 чаша вода

Постапка:

Чиа семето потопете го во вода да набубри најмалку еден час (може да го ставите во вода и навечер, па да ги додадете другите состојки наутро).

Додадете ги сокот од лимон и медот и добро промешајте. Ако сакате напитокот да има мазна текстура, ставете го во блендер.

Напитокот пијте го секое утро на празен стомак.

Чиа семето нуди низа здравствени придобивки:

-Ја зголемува енергијата со својата балансирана мешавина на протеини, јаглехидрати, масти и влакна.

-Има анти-воспалителни својства поради високата концентрација на Омега-3 мастите се претвораат во простагландини кои имаат ублажувачки и анти-воспалителни ефекти.

-Го стабилизира шеќерот во крвта така што го успорува процесот во кој сложените јаглехидрати се варат и се асимилираат во телото, при што растворливите влакна помагаат да се стабилизира шеќерот, резултирајќи со стабилна одржлива енергија.

-Поддржува здраво срце со тоа што помага при намалување на крвниот притисок, поттикнување на имунитетниот, кардиоваскуланиот, нервниот и репродуктивниот систем.

-Го храни мозокот и влијае врз подобрување на неговата функција, меморија и концентрација како резултат на големото количество есенцијални масни киселини.

-Влијае на детоксикација и елиминација преку чистење на дебелото црево и апсорбирање на токсините.

-Помага при губење на телесната тежина бидејќи есенцијалните масни киселини помагаат да се забрза метаболизмот и да се одржува мускулната маса.

Слично како и лененото семе, чиа семето може да се користи како замена за јајца во традиционалните рецепти за леб и колачи.

Ова е многу корисно за сите оние кои имаат нетолерантност кон јајца, или едноставно не користат јајца во својата исхрана.

Само промешајте 1 лажица чиа семе (цели зрна или мелено) со 3 лажици вода и по 10-15 минути ќе добиете текстура налик на гел, слична на белките од јајцата.

Препорачана доза е 1-2 супени лажици дневно, а воедно потребно е и зголемено конзумирање на течности поради способноста на семето да ги апсорбира истите.