Потребен ви е само еден сад во кој ги мешате сите состојки, а потоа црпите со лажица од тестото и ги пржите малите питуличиња. Потребно време за пржење околу 15-тина минути.

Потребни состојки: Се користи чаша од 200 мл – 4 чаши брашно, 2 и 1/2 чаши млака вода, 1 лажица сув квасец, 2 лажици шеќер, 1 лажиче сол, 1 лажиче ракија и масло за пржење

Постапка: Квасецот го активираме со млака вода, шеќер и брашно. Откако ќе запени додаваме брашно, сол и ракија. Смесата ја матиме со миксер додека да се соедини. Се покрива со проѕирна фолија и се остава на топло за да го удвои волуменот. Може да се замеси и навечер, тестото да отстои преку ноќ, па утрото да се испржат питулиците.

Со помош на намастена лажица се зафаќа од тестото и се спушта во умерено загреано масло (внимавајте да не е прежешко зошто нема да се испржат во внатрешноста). Се пржат од двете страни и се редат врз хартиена салветка. Може да се послужат со сирење и јогурт, а може и во слатка варијанта со џем, слатко, шеќер…

ПИТУЛИЦИ СО КИСЕЛА ВОДА – Потребни состојки: 10 г свеж квасец, 1 лажичка шеќер, 1 лажичка сол, 500 мл газирана вода, 500 г брашно тип 500, 2 јајца по желба – не мора и масло за пржење

Постапка: Загрејте ја газираната вода да биде млака, додадете лажичка шеќер и квасец па оставете да се активира. Во подлабок сад ставете ја смесата со квасецот, сол по желба и јајца доколку се одлучите за “мрсна” варијанта.

Полека додавајте брашно и матете со миксер или лажица додека да добиете меко тесто, малку погусто од она за палачинки. Оставете го на собна температура да го удвои својот волумен. Маслото загрејте го прво на најсилно, па намалете на умерено и нека има длабочина од околу 10 см.

Со лажица зафаќајте од тестото и спуштајте во врелото масло да се пржат по неколку минути од двете страни. Вадете ги врз хартиена салветка и послужете ги топли.