За сувото грозје е познато дека изобилува со БОР, минерал за кој е докажано дека дека го спречува губитокот на коскена маса и штити од остеопороза.

Најефикасни се кога се консумираат во вид на сируп со црно вино и мед.

Потребни состојки:

500 г суво грозје
200 г мед
500 мл црно вино
300 мл провриена вода

Постапка:

Сувото грозје исечкајте го и ставете го во тегла, па прелијте го со црно вино и превриена, па изладена вода (или дестилирана вода).

Промешајте добро, затворете ја теглата и оставете да отстои преку цела ноќ во фрижидер.

Следниот ден смесата ставете ја во блендер и додадете го медот. Убаво промешајте да се изедначат состојките и сирупот е готов за употреба. Се чува во фрижидер.

Употреба: За најдобри резултати се консумира 3-5 пати во текот на денот по една лажичка од сирупот.

https://youtu.be/BrGp8WwTWQQ