Влакна на градите, околу брадавиците е „проблем“ од кој бројни жени се срамат. Еве зошто се појавуваат влакна на градите и што можете да направите во врска со тоа.

Многу дами имаат влакна околу брадавиците – кај некои се мали и светли, кај други се темни и долги, исти како оние кај мажите.

Тоа не е невообичаена појава бидејќи фоликулите се наоѓаат на сите делови од кожата кај човекот. Но, со оглед на тоа дека влакна на гради немаат сите жени, што е тоа што предизвикува појава кај некои од нив?

Главна причина за појава на влакна на гради се хормоните

Хормоните го регулираат растот на влакната и кај мажите и кај жените, што воедно е причина зошто истите стануваат повидливи кога ќе настапи пубертетот.

Доколку во организмот на некој жена се произведува премногу од машкиот хормон – тестостерон, тоа може претерано да го стимулира растот на влакната.

Исто така, тоа може да доведе и до некои други „нуспојави“, како појава на акни, нередовни менструации, засилен раст на мускулите.

Освен тоа, доколку во организмот кај жената дојде до флуктуација на женските хормони – естроген и прогестерон, и тоа може да предизвика засилен раст на влакната.

Тој дисбаланс на хормоните е најчест кај бремените жени или кај жени кои минуваат низ менопауза, бидејќи тогаш им опаѓа нивото на естроген, па на фоликулите повеќе им влијае тестостеронот.

Промени во нивоата на хормоните се природни и во повеќето случаи немате причина за грижа. Но постојат некои случаи кога влакната околу брадавиците може да бидат знак за нешто посериозно.

Синдром на полицистични јајници

Кај многумина единствен симптом од синдромот на полицистични јајници е нередовниот циклус, додека кај помалку сериозните случаи се јавуваат влакна на градите, лицето, грбот и задникот.

Синдомот на полицистични јајници влијае врз функцијата на јајниците, односно кога јајниците не се во состојба да ослободат јајце-клетка, што значи дека изостанува овулација и се намалуваат шансите за зачнување.

КУШИНГОВ СИНДРОМ

Кушингов синдром се јавува при зголемено ниво на хормонот кортизол во телото и може да биде сериозна состојба доколку не се лекува.

Најчесто е предизвикан од земање на лекови на база на стероиди, особено доколку тие лекови се пијат подолг временски период. Исто така, може да се јави и како последица од тумор на хипофизната жлезда во туморот или тумор на надбубрежни жлезди.

Кортизол е хормон кој го контролира метаболизмот и имуниот одговор.

Симптомите од Кушингов синдром вклучуваат зголемена количина масти на градите и стомакот, црвено, отечено лице, лесно појавување на модрици по телото, појава на виолетови стрии, чувство на слабост во рацете и нозете, намалено либидо, депресија и појава на влакненца по телото.

Доколку не се лекува исто така, може да предизвика и зголемен крвен притисок.

Што да правите ако имате влакна на градите

Повеќето жени овој проблем го решаваат со отстранување на влакненцата со помош на восок или бричење. Некои се одлучуваат за трајно решение – ласерско отстранување. Значи, не е ништо нерешливо.

Она што е важно е дека, доколку имате влакна на градите и симптоми на Кушингов синдром, задолжително треба да се обратите на лекар.