Рогачот е исклучително лековит и воопшто не смееме да го занемариме.

СОДРЖИ: прости шеќери 13% (фруктоза, малтоза и глукоза); сахароза 20%; скроб 35%; пектин 3%; белковини 4%; полисахариди 3%

Витамини: А, Б, Б2, Б3 и Д. Минерали: калциум 36%, калиум 24%, фосфор и магнезиум. Ел. во трагови: железо, манган, бариум, бакар и никел

Рогачот во исхраната се употребува повеќе од  4 милениуми а неговите лековити својства ги користеле скоро сите антички цивилизации.

Се смета дека рогачот бил дел од основната исхрана на Јован Крстител, па оттаму потекнува и германскиот назив за рогач- Johannisbrot, што во превод значи Јованов леб.

Во античко време, семките од рогач служеле како единица мерка за злато, затоа што, без разлика на условите на чување, семката секогаш тежи 0,18 грама.

ЛЕКОВИТИ СВОЈСТВА НА РОГАЧОТ: спречува дигестивни проблеми, го намалува лошиот холестерол, го намалува шеќерот во крвта, поттикнува искашлување и помага кај астма, го јакне имунитетот, делува против алергии, го штити здравјето на срцето и крвните садови и ги јакне коските

Денес рогачот има широка намена. Содржи природно сладок вкус и многу ароматичен мирис, па затоа се користи како замена за какао при подготовка на торти и колачи.

Освен тоа, рогачот има помала калориска вредност од чоколадото (за 2/3) и не содржи оксална киселина која е една од причините за појава на акни кај младите луѓе.

Освен како замена за какаото, рогачот може, исто така, да го замени и кафето. Луѓето кај кои кофеинот предизвикува различни тегоби како што се вознемиреност, тахикардија и висок притисок, или пак имаат дијабетес, би било најдобро наместо кафе да пијат топол напиток од рогач.

Луѓето кои имаат дијабетес треба да јадат една семка од рогач, наутро и навечер. Со консумирање на 15 г рогач секојдневно во период од 4 недели, се забележува намалување од 7% на вкупниот холестерол и 11% на ЛДЛ (лошиот) холестерол.

Терапија: на гладно, наутро, една кафена лажичка мелен рогач се топи во устата а потоа се голта. Рогачот ги исфрла вишокот маснотии од телото, па затоа се препорачува и за слабеење. Поради калциумот и фосфорот, рогачот го намалува ризикот од појава на остеопороза.

Брашното од рогач содржи танини, и има антиалергиско и антивирусно својство. Рогачот се врзува за токсините од цревата и ги исфрла, а при тоа создава заштитен слој на ѕидовите од цревата.

Затоа рогачот се препорачува при мачнини и пролив. Проблемите со столицата исчезнуваат за само два дена по терапијата со рогач.

ЛЕК ЗА ДИЈАРЕА: 20-30 грама мелен рогач се меша со чаша млака вода или млеко, па се додава прстофат ’ржано брашно. Се меша убаво и се пие трипати дневно.

ЛЕК ПРОТИВ ПОВРАЌАЊЕ: 1 кафена лажичка смола од рогач, се меша со една чаша вода додека да се растопи. Се пие навечер пред спиење.

Рогачот има облик на мешунка, со семки со темно кафена боја, пријатен и слаткаст вкус кој потсетува на чоколадо.

Во Стар Египет се користел како засладувач и дигестивен суплемент, а во текот на граѓанската војна во Шпанија се користел во борбата против гладот.

Рогачот е богат со витамини A, B1, B2, B3, B6, B9, C и E. Поради ова го подобруваат правилниот метаболизам, градат ткива и му овозможуваат на организмот подобро да ја користи енергијата од јаглените хидрати, протеините и мастите.

Од минерали, содржи железо, бакар, манган, селен, цинк, фосфор, магнезиум, калциум, натриум и калиум. Тие влијаат на балансот на течностите во организмот, добриот дигестивен процес, на растот на клетките па ги штитат коските, мембраните и органите.

Исто така, учествуваат во пренесувањето на нервниот импулс, ја стимулираат физичката издржливост и транспортот на кислородот.

Овие минерали го одржуваат и енергетскиот баланс и добро влијаат врз намалувањето на стресот и депресијата.

Семките од рогач се богати со растворливи растителни влакна кои имаат добро вкијание врз варењето и правилната работа на цревата.

Содржи есенцијална амино кислеина триптофан, а во комбинација со другите брашна дава нутритивно полновредна намирница која ќе биде добра замена за протеините од животинско потекло. Затоа се препорачува во периодот на раст и развој на детето и во веганската исхрана.

Високото ниво на танин (моќен антиоксиданс), помага во борбата против прераното стареење на клетките, делува противвоспалително и противбактериски, ги обновува клетките, ги намалува триглицеридите и лошиот холестерол, а го зголемува добриот.

Содржи мала количина масти и тоа добри масти и не дебелее.
Убаво смелениот рогач е идеална замена за какао прав, заради чоколадниот вкус.
Во споредба со чоколадото, рогачот е три пати побогат со калциум.

Може да се користи како засладувач во облик на прав или како замена за брашно. Рогачот е идеална намирница за оние кои не поднесуваат глутен или се алергични на јаткасти плодови. Може да замени и дел од брашното во слатките рецепти.