Салата од модри патлиџани, омилената на маж ми, а во фрижидер може да стои и повеќе од 10 дена

Оваа салата ја викам “Негова” салата, бидејќи маж ми ја обожува, многу е вкусна и може да се направи од претходно и да се чува во фрижидер.

Потребни состојки:

2 модри патлиџани
1 кг свежи домати
2 главици црвен кромид или праз
400 мл маслиново масло
1 главица лук
1 лажичка сол
½ лажичка жеќер
1 лажица сув зачин
100 мл балсамико оцет

Постапка:

Плехот обложете го со фолија. Од вкупното масло, одвојте малку околу 100 мл или по желба, за зачинување на печениот зеленчук. Поголемиот дел од маслото, солта, сечканото лукче, сувиот зачин или зачинските билки измешајте ги сите и направете маринада.

Патлиџаните исечете ги на дебели тркала, премачкајте ги со приготвената маринада од двете страни и наредете ги во плехот.

Доматите исечете ги на тркала и наредете ги врз патлиџаните, малку посолете одозгора и малку капнете од маринадата.

Врз доматите наредете сечкан кромид кој исто така сте го исекле на кругови (или праз, исто сечен на трклаца).

Приготвениот зеленчук покријте го со алуминиумска фолија, внимавајте истата да биде добро затворена околу рабовите на плехот. Важно е да се сочува влажноста на зеленчукот за да не се исуши.

Ставете да се пече во загреана рерна на 200 степени околу 30 минути. Печениот зеленчук извадете го во сад и зачинете го со преостанатото масло во кое додадовте оцет и шеќер.

Готовата салата наросете ја со сечкан магдонос и лукче. Добро изладете за да може зеленчукот да ја впие маринадата. Затоа можеби најдобро е да остане преку цела ноќ. Потоа послужете.

Оваа салата може да стои во фрижидер и повеќе од 10 дена, а во неа можете да додадете црни или зелени маслинки.

Loading...