Во текот на зимската сезона возачите редовно имаат проблеми со мразот од шофершајбната.

Досадното стругање на шофершајбната и смрзнувањето може да стане минато со помош на овој брз и едноставен метод.

Овој трик ќе му го олесни животот на секој возач, бидејќи со негова помош мразот од шофершајбната ќе исчезне буквално за една минута.

Сè што ви е потребно е едно пластично шише со распрскувач во кој ќе ставите 2/3 алкохол, 1/3 вода и 1 лажица течен детергент за миење садови.

Смесата се меша и се нанесува на замрзнатата шофершајбна, а по само една минута мразот ќе се стопи.

Едноставен трик со кој се скратува времето кое се троши на стругање на мразот од стаклото.