Мирис на ацетон упатува на дијабетес, мирисот на сирова риба пак, на болест на црниот дроб, лекарите наведуваат дека секоја болест може да се дијагностицира според мирисот на здивот.

Лекарите тврдат дека некои болести можат да се дијагностицираат само со помош на мирисот. Тие велат дека здивот на луѓето со дијабетес потсетува на ацетон, додека оние кои имаат проблеми со црниот дроб имаат здив кој мириса на риба.

Ако смрдењето е незначајно за да го почувствуваат луѓето, може да се почувствува со „електронски носеви“.

Американските истражувачи, исто така, тврдат дека при инфекција на бешиката урината може да смрди на амонијак, додека мирисот на потта при рубеола може да потсетува на мирисот од свежо искубени перја.​

Потта кај болните од шизофренија може да мириса на оцет, кај тифусот кожата мириса на свежо печен леб, додека кај жолтата треска кожата може да мириса како што мириса кога ќе влезете во месарница, а инфекции на лимфни чворови предизвикуваат мирис на застоено пиво.

Покрај тоа, откриено е дека машините можат да „намирисаат“ рак на дојка и дека се подеднакво ефикасни како мамограмите.

Кои животни можат да ја намирисаат болеста?

Бидејќи кучињата имаат изразено силен осет за мирис, во моментот се тестираат за да можат да откријат рак на јајчници. Една пациентка која учествувала во студијата, изјавила дека сама себеси си го „намирисала“ ракот.

Корисничка на еден форум, Џени, напишала дека сопригот и боледувал од рак на простата, а и самата боледувала од рак на белите дробови, можела да почувствува мирис на распаѓање.

Токму поради тој мирис отишла на лекар, а по извршените испитувања и бил дијагностициран рак на бели дробови. По излекувањето, кога болеста се повлекла, и мирисот во целост исчезнал​

Доктор Џорџ Прети од Центарот „Monell Chemical Senses“ во Филаделфија тврди дека од бројни примери дознал дека пациентите, токму поради тој непријатен мирис, и самите тие го почувствувале ракот.

Ова откритие се смета за револуционарно за идните медицински лекувања, не само на рак, туку и на други болести.

Прети особено се занимава со болести како што се рак на јајчници и вели дека токму оваа болест не може лесно да се дијагностицира, па поради тоа и смртноста од оваа болест е толку висока.

Според зборовите на д-р Прети телото произведува хемикалии како резултат на работата на метаболизмот, но канцерогените клетки метаболираат поинаку што значи дека емитираат различни хемикалии и токму поради тоа предизвикуваат различен мирис.

Тој мирис е премногу суптилен за да можат луѓето да го почувствуваат, но веќе подолго време се обучуваат кучиња и така помагаат во дијагностицирање на болестите како што се рак и дијабетес.

Како резултат на тоа, д-р Прети сега соработува со ‘Penn Vet Working Dog’ центарот за да ги истренираат кучињата во препознавање на мирисот на ракот.

Со колкава прецизност кучињата можат да ја одредат болеста?

Наводно, обучените кучиња биле во состојба да ја откријат оваа болест во 90% од случаите, со што придонеле во намалување на стапката на смртност.

Кучињата, меѓутоа, не се единствените суштества кои се во состојба да го детектираат ракот. Научниците веруваат дека мушичките исто така, ја имаат таа способност.

Истражувачите од Универзитетот Констанз во Германија дошле до заклучок дека мирисот на ракот предизвикува одредена активност кај мувите и мушичките, но се’ уште тоа во целост не можат да го разјаснат.

Се надеваат дека мушичките ќе им помогнат во откривање на оваа подмолна и опасна болест.

Тестовите изведени со помош на уред кој се нарекува „електронски нос“, укажува на можноста за откривање на рак на дојка според мирисот на здивот.

Уредот првите резултати ги објавува веќе после 10 минути, што претставува уште една револуција за цела медицинска гранка, а со навремено откривање на болеста, пацинетите не би се изложувале на штетните рентгенски зраци.