Рузмаринот е зачин со освежителен мирис кој им дава богат вкус на јадењата. Неговото масло е исто така многу ценето поради својата ароматичност во кулинарството, но и поради одличното дејство врз здравјето на кожата. Освен тоа, маслото од рузмарин може да го отстрани целулитот и да ја поттикне циркулацијата на кожата.

Рузмаринот го додаваме во јадењата, но кога од него ќе се приготви мацерат, добиваме целосно нов начин за користење на овој ценет зачин.

Етеричното масло од рузмарин е многу скапо да се купи, но може сами да си приготвиме маслен мацерат кое е доста евтино за приготвување, бидејќи потребен ни само свеж рузмарин и масло по избор, најдобро ладно цедено маслиново или сончогледово масло.

ПОСТАПКА:

Наберете свеж рузмарин, измијте го добро и исушете го на сонце во текот на целиот ден. На овој начин ќе се заштити мацератот од содавање на мувла, што би можело да се случи доколку остане влага во билката.

Потоа од сувиот рузмарин отстранете го стебленцето, а користете ги ги само ситните ливчиња. Наполнете чиста и сува тегла со рузмарин, но го стегајте премногу.

Потоа прелијте со ладно цедено масло и оставете еден прсто слободен простор од врвот на теглата. Цврсто затворете ја теглата, добро протресете го маслото и затворете ја теглата.

Оставете на сончев прозор да отстои 40-45 денови. На неколку дена протресувајте ја теглата, а кога е готово процедете низ газа или ситна цедалка. Маслото е потребно да се чува добро затворено во фрижидер, во темно шише, до 6 месеци. Доколку сакате малку пикантен вкус, ставете две-три лути пиперчиња.

УПОТРЕБА:

Во кулинарство: се додава во разни рецепти со месо, печиво, леб, пица, сирење, брускети, салати и слично.

За коса: одлично ја лекува и негува сувата и оштетена коса., како и при проблеми со првут. Се масира темето и се нанесува на косата и се остава да делува. Пред миење се остава да делува најмалку два часа за длабинско делување. За поттикнување на растот на косата потребно е малку да се загрее до млачно и да се масира коренот најмалку 5 минути, а потоа да се остави 30 минути пред миење.

За циркулација и против целулит: маслото од рузмарин се користи за масирање на уморните делови од телото, а особено кога е потребно да се делува при слаба циркулација. Многу поволно делува кај лица со мозочен удар кај кои екстремитетите се ладни поради многу слабата циркулација. Се трие површински кожата со ова масло за да се поттикне микроциркулацијата.

Позитивно делува и за елиминирање на целулитот: потребно е неколку дена седмично да се масира зафатената област за да се поттикне разградба на масните наслаги.