Отежнатото излачување на урината честопати е предизвикано од бенигна хипертензија на простатата, бидејќи се зголемува притисокот на уретрата која пренесува урина од мокрачниот канал во пенисот.

После 50-тата година голем број мажи се присилени често и итно да мократ, а за тоа е виновна проширената простата, состојба која се нарекува бенигна хипертензија (BHP). Ако се соочувате со благи симптоми, можно е да ги ублажите со зголемен внес на течности.

-Околу 1,5 литар течности на ден и ништо повеќе од тоа, е препорачаната количина за внес на течности – наведува Германскиот Институт за квалитет и делотворност за здравствена заштита (IQWIG).

За да одбегнете ноќно будење навечер и одење во тоалет, на мажите им се препорачува да не пијат никаква течност еден до два часа пред да си легнат. Тоа особено се однесува за внес на течности кои содржат кофеин или алкохол бидејќи имаат диуретички својства.

„BHP“ може да го отежне лачењето на урина бидејќи уретрата трпи притисок, а отежнат е преносот на урина од мокрачниот канал во пенисот.

Ако тегобите го отежнуваат квалитетот на животот или се искомплицираат па се развие инфекција на уринарниот тракт затоа што е отежнато целосното празнење на мочниот меур. Мажите би требало да се обратат на лекар или уролог кој ќе им препише терапија.

Околу седум од десет мажи кои ќе се обратат на лекар поради проблеми со проширена простата се одлучуваат за таква терапија, наведува IQWIG.