Фотографија и рецепт на Родна Трпеска. Куглофот е секогаш актуелен, лесно се приготвува со намирници кои секогаш ги имаме дома, мек и вкусен за јадење.

Потребни состојки: 4 јајца, 1 шолја (од 150 мл) шеќер, 1 шолја млеко, ½ шолја масло, 1 лимон – рендана кора, 3 шолји брашно, 1 прашок за печиво, 2 лажици какао во прав Постапка: Јајцата се матат со една шолја шеќер додека да се стопи шеќерот и смесата да стане пенлива. Се користи шолја од 150 мл и понатаму сè се мери со неа.

Во матените јајца се додава една шолја млеко, половина шолја масло и рендана кора од еден лимон (претходно лимонот добро измиен со сода бикарбона).

Потоа во смесата се додаваат три шолји брашно помешано со еден прашок за печиво. Се меша додека да се добие изедначена смеса. Потоа се дели на два дела, а во едниот дел се додаваат две лажици какао и се промешува за да се добие кафеавиот дел.

Во намастен калап се истура наизменично од двете смеси или се става едната па другата или со дршка од лажица сами внатре промешувате за да направите шари.

Куглофот се пече 40 минути во претходно загреана рерна на 180 степени. Печениот колач може одозгора да се полие со чоколадна глазура или само да се нароси со шеќер во прав.

Фотографија и рецепт на Родна Трпеска/Од Македонска кујна, некогаш и денес