Што ќе ви се случи ако секој ден пиете пиво?

Пивото е едно од најстарите и најпопуларните алкохолни пијалаци, омилено е на милиони луѓе ширум светот. Но, дали сте се запознале со ефектите кои пивото ги има врз човековото здравје?

Пивото е богато со протеини и витамини Б, а во својот состав има и антиоксиданти во количини колку што ги има и во виното. Хмељот, главната компонента во производството на пиво, содржи флавоноиди, а исто така е и добар извор на минерали кои имаат важна улога во бројни метаболички процеси.

Секојдневното консумирање на умерени количини пиво може во голема мера да го подобри вашето здравје:

1.Пивото го одржува здравјето на бубрезите. Една чаша пиво дневно ја намалува веројатноста од развој на болести на бубрезите со дури 40%, покажале резултатите од неодамнешното истражување.

2.Растителните влакна во неговиот состав го намалуваат нивото ан ЛДЛ холестеролот и го штитат организмот од кардиоваскуларни болести.

3.Пивото е богато со витамините Б1, Б2, Б6 и Б12, што дефинитивно го зголемува нивото на витамините Б во телото. Содржи 30% повеќе витамин Б6 од сите други извори, но и голема количина на реткиот витамин Б12.

4.Според едно друго истражување, високото ниво на силициум во пивото ги јакне коските.

5.Пивото содржи лактофлавин и никотинска киселина, две состојки кои го подобруваат сонот и ја лекуваат несоницата.

6.Резултатите од истражувањето потврдуваат дека и умереното консумирање на пиво го намалува ризикот од срцев удар за неверојатни 40 до 60%.

7.Пивото е одличен напиток за превенција од згрутчување на крвта.

8.Експертите сугерираат дека пивото ја подобрува меморијата. Според нивното мислење, љубителите на пиво се изложени на помала опасност од развој на деменција и Алцхајмерова болест во доцните години, за разлика од оние кои го одбегнуваат.

9.Докажано е дека две чаши пиво дневно значајно го намалуваат стресот.

10.Секојдневното консумирање на пиво позитивно влијае врз пигментацијата, а кожата ја прави понежна и поубава.

Loading...