Ова не е од оние „брзи“ диети од кои веднаш ви слабее имунитетот, туку напротив, оваа диета нема нуспојави, освен саканата- помалку килограми!

Ако мора во експресен рок да изгубите неколку килограми, а сепак се грижите за здравата исхрана и не ги сакате оние диети со „јо-јо“ ефект, ова е вистинската диета за вас!

Во текот на „брзите“ диети, кај жените обично се јавува вртоглавица, стануваат депресивни, лицето им свиснува а кожата брзо им се суши…. Но оваа диета е осмислена поинаку, па поради тоа не се отсликува врз психо-физичката состојба, а придонесува за брзо топење на килограмите.

Како да го направите планот за диета

Диетата трае точно 10 дена, ни ден повеќе ни ден помалку. Она што е најдобро, сами ќе си го направите планот со оброци и ќе се прилагодите кон сопствените желби и потреби. Исто така, важно е во текот на диетата да вежбате, бидејќи без физичка активност ќе нема резултати.

Јадете различно свежо овошје, бидејќи на тој начин ќе внесете во вашиот организам потребни состојки за нормално функционирање. Истото важи и за зеленчукот, приготвен на здрав начин. Имено, некои намирници се добри антиоксиданси, а некои други се добри бидејќи содржат диетални влакна кои ја подобруваат дигестијата, а трети поради витамините и минералите. Некоја од тие намирници ќе ви помогне во слабеењето, некоја да го подобрите сјајот на кожата, а со вежбањето ќе го подобрите тонусот на мускулите.

Значи, јадете зеленчук како што се моркови, домати, зелена салата, а во чинијата нека бидат застапени сите бои. Можете да приготвите и лесна зеленчукова супа.

Што се однесува до овошјето, јадете го многу, а за оваа диета најдобри се јаболките, папаја, јагоди, цитрон и малини. Ова овошје не само што ќе ви помогне во согорување на мастите, туку од нив ќе ги добиете неопходните витамини.

Исто така, покрај овошје и зеленчук може да консумирате и јогурт, во комбинација со житарици.

За овие 10 дена ќе мора да заборавите на леб, месо, сирење, кашкавал, тестенини, слатки, газирани и алкохолни пијалаци и слична висококалорична храна.

Број на оброци

Тоа што овошјето и зеленчукот ќе ви помогнат во слабеењето, не значи дека смеете да јадете на секој час и во неограничени количини. Во еден ден мора да имате четири главни оброци:

-појадок

-ручек

-ужина и

-вечера.

За секој оброк изедете по една чаша (од 200 мл) свеж зеленчук и една чаша овошје. Како што претходно нагласивме, дозволени се и лесни зеленчукови супи, или супа од домати, но не ја преминувајте дозата.

Исто така, наместо супа, може да изедете и вкусна мешана салата од зеленчук, лесно зачинета со лимон. Никако немојте да користите преливи за салата, бидејќи тие не се диетални.

Обидете се да го изедначите внесот на овошјето и зеленчукот. Значи, за секој оброк мора да внесете идентична количина од овошје и зеленчук.

Вежбање

Самата диета нема да биде ефикасна доколку не вежбате, доколку сакате да се ослободите од масните наслаги. Доколку не ја сакате теретаната, аеробикот и фитнесот можете да ги вежбате дома.

Важно е добро да се испотите, со трчање, брзо одење или возење велосипед. Ако е можно, секојдневно вежбајте комбинирани вежби од 30 мин до 1 час, или барем секој втор ден.

Ако не сте во форма, во почетокот вежбите нека ви бидат едноставни.

МЕНИ

Ова е еден пример кој секако дека можете да го прилагодувате според вашите афинитети, и се подразбира дека можете секој ден различно да го комбинирате.

Појадок:

1 чаша сечкано овошје

1 чаша сок од домати или една чаша јогурт

Ручек:

1 чаша зеленчукова супа или чинија зелена салата

1 чаша сечкано овошје

Ужина:

1 чаша сечкано овошје

Вечера:

-Салата од зеленчук, на пример: краставица, морков, зелка, брокула, домати, зелена салата

1 чаша супа од зеленчук

1 чаша исечкано овошје

Пијте колку што можете повеќе вода, а помалку сокови или кафе. Обидете се секој ден да јадете во исто време, а вечерата нека ви биде колку може порано.

Доколку огладнете во периодот меѓу оброците, не се измачувајте, изедете едно јаболко. Исто така, доколку почувствувате било каква слабост во организмот, што не би требало да се случи, засилете ги оброците за третина или прекинете со диетата.

Пред почеток на било каков режим на исхрана, консултирајте се со вашиот матичен лекар или вашиот нутриционист!