Сокот од киви е нешто што треба секојдневно да го пиеме, барем додека му е сезоната, бидејќи е преполн со здрави состојки.

Тоа е одлично средство за оние кои имаат проблем со песок во бубрезите и жолчката.

Сокот од киви содржи големо количество на калиум и растителни влакна, а може да ве заштити од кардиоваскуларни болести.

Во продолжение на текстот прочитајте одличен рецепт за сируп од киви…

Зошто е добро да се пие сок од киви?

-ги чисти бубрезите, бешиката и жолчното кесе од каменчиња и песок.

-спречува кардиоваскуларни болести.

-спречува создавање на тромбови и згрутчување на крвта

-го намалува ризикот од мозочен удар

-ја штити виталноста на клетките

-влијае поволно врз видот и спречува болести на очите

-поттикнува зајакнување на организмот

-ја штити ДНК од штетното влијание на слободните радикали

-силно го детоксифицира организмот

-спречува срцев инфаркт

-го подобрува имунитетот

-спречува создавање на масни наслаги

-ги ублажува симптомите од бронхитис, кашлица и други белодробни заболувања

-го елиминира целулитот

-го подобрува квалитетот на кожата

-ја подобрува концентрацијата

Сепак, не треба да претерувате со внес на сокот од киви: не би требало да испиете повеќе од 1-2 чаши сок од киви разредени со вода, дневно, бидејќи може да дојде до појава на алергија.

РЕЦЕПТ

Потребни состојки:

1,5 кг свежо излупено киви

500 г шеќер (обичен/ксилитол/стевија)

1,5 литар вода

Постапка:

Излупете го кивито, исечкајте го и ставете го во блендер, па добро сомелете. Потоа процедете го низ густа цедалка.

Водата нека зоврие, па тргнете од оган и оставете да излади (или користете изворска или прочистена, филтрирана вода).

Сокот од киви разредете го со водата и додадете шеќер. Мешајте околу 20 минути додека да се растопи шеќерот.

Во чисти стаклени шишиња складирајте го добиениот сируп, па чувајте во фрижидер. Пред употреба сокот разблажете го со вода.

Сокот е многу вкусен и здрав. Наместо шеќер можете да користите и друг засладувач, по желба.