Овој напиток го топи cалото дури и кај луѓето со над 40 години кај кои тешко се разбиваат масните клетки.

Сигурно знаете дека треба да пиете 7-8 чаши вода дневно и нутриционистите постојано ја повторуваат оваа реченица. И со водата не треба да се претерува, но мора да се грижите и постојано да бидете хидрирани.

Водата е важен дел од нашата исхрана. Помага во симнување на вишок килограми, хидрира, а помага и кај дигестивните проблеми.

Водата може да помогне и во боpбата за рамен стомак. Додаjте неколку состојки во обична, филтрирана вода, како лимон, ѓумбир, нане и краставица и рецептот за рамен стомак е готов.

Нема ништо подобро кога во топол ден ќе се напиете од освежувачкиот пијалак Саси вода. Со неа нема да изгубите премногу килограми, но ќе го ревитализирате и ќе ги исфрлите токсините од вашето тело.

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

1 краставица
2-4 лимони (по вкус)
10 ливчиња нане/ мента
3-4 см ѓумбир
2 литри вода

ПОСТАПКА:

Земете еден лимон и исечкајте го на тркалца. Користете остар нож за да бидат потенки парчињата без да ви се одлее многу од сокот. Отстранете ги семките.

Потоа истото направете го со краставицата-исечете ја на тенки тркалца.
3-4 см излупен корен од ѓумбир исечкате го на тенки листови.
Од свежо гранче нане искинете ги листовите.

Од трите лимони исцедете го сокот, семките отстранете ги. Четвртиот исечете го со кора. Доколку не сакате многу кисел вкус, употребете помалку лимони.

Сите состојки ставете ги во поголем бокал со вода и промешајте.
Ставете во фрижидер да излади најмалку 6 часа, а најдобро 24 часа.

Потоа извадете го да отстои на собна темпетарура и пијте го во текот на целиот ден.

План на исхрана со Саси вода:

Појадок – една чаша со лесен појадок
Ручек – риба и салата со зеленчук
Вечера – риба на скара, варен компир и зелена марула

Како ужина можете да пиете јогурт со биокултури, овошје, зеленчук и да пиете овошни сокови природно цедени.

Таков режим на исхрана треба да држите 4 до 28 дена. За 4 дена надуеноста во стомакот ќе се намали и ќе се чувствувате подобро. На овој начин можете да намалите 5-9 см во струкот.