Природата како и секогаш има лек за секоја болест, па така и сокот од смрекинки одамна е познат како лек за шеќерна болест.

Лековит сок од смрекинки кој помага во слабеење и за дијабетес

Домашен напиток од бобинки од смрека е проверен лек за шеќерна болест (дијабетес), а помага и во слабеење и регулирање на килограмите. Може да се консумира како сок или како чај.

Сокот од смрека се приготвува на едноставен начин. Потребни состојки: 500 г смрекинки, 3 литри вода, 1 лимон и тегла од 3 литри.

Постапка: Ставете ги бобинките во тегла и залијте ги со вода до врв. Потоа исцедете еден лимон и сокот додадете го во теглата. Ќе знаете дека сокот е готов кога бобинките од смрека ќе почнат да паѓаат на дното.

Сокот се пие 3 пати дневно по една шолја, околу 250 мл наутро, задолжително по една шолја на празен желудник, а остатокот во текот на денот. Можете да го заблажите напитокот, но навистина нема потреба бидејќи е многу питок и вкусен. За слабеење: се препорачува да се пие во неограничени количества, наместо вода.

Чај од смрека – Освен сок можете да направите и чај од смрека кој: ги јакне нервите и желудникот, ја чисти крвта, ги одведува отровните гасови, а преку урината се елиминираат и лошите сокови, предизвикува потење, го чисти црниот дроб, ги ситни и одвојува каменчињата и песокот во жолчка, бубрези, мочен меур.

Сепак, чајот не се препорачува за лица со заболени бубрези или бремени жени. Потребни состојки: 2 супени лажици смрекинки, 500 мл вода и мед по желба

Постапка: Бобинките од смрека издробете ги или изгмечете ги со лажица, па ставете ги во врела вода и варете ги 3-5 минути. Тргнете го садот од оган и поклопен оставете го околу половина час. Потоа процедете го чајот и пијте..