Многу лесно се приготвуваат.

Потребни состојки:

100 г смоки
100 г солени кекси (соленки плазма кекси или нешто слично)
150 г печени кикирики
150 г путер
и уште:
100 г сусам

Постапка:

1.Смоките ставете ги во сечко и издробете ги (или тоа направете го со рака). Солените кекси и кикириките сомелете ги. Сусамот на суво малку пропржете го да замириса со постојано мешање. Кога ќе почне да ја менува бојата и ќе почне убаво да мириса, тргнете го оган и оставете го да излади.

2.Во подлабок сад ставете путер на собна температура, па со виљушка или со миксер пенасто изматете го. Додадете ги издробените смоки, мелените кикирики и мелените кекси. Со рака добро соединете ги сите состојки. Ако е потребно, додадете многу малку млеко за да може да се прават топчиња (јас не додадов).

3.Со мала лажичка црпете од приготвената смеса и со раце обликувајте топче. Секое топче валкајте го убаво во сусам и уште еднаш убаво поминете го со дланките за да се натапка сусамот.

4.Топчињата редете ги на соодветна чинија за сервирање и оставете ги во фрижидер, најмалку 2-3 часа, убаво да се стегнат.

5.Овие топчиња се одлични како предјадење, а многу се вкусни и како закуска со пиво…