Се’ уште е лето и се’ уште имате време за да се ослободите од вишокот килограми за да го облечете стариот костим за пливање кој многу ви се допаѓа, ама малку сте се здебелиле.

Ќе ви помогне оваа компир диета, која стана вистински хит во светот!

За да успеете, мора строго да се придржувате на менито во текот на три дена.

ПРВ ДЕН

За појадок: еден компир без сол и една чаша јогурт.

За ручек: два варени компири и една чаша јогурт.

За вечера: две чаши јогурт.

ВТОР ДЕН

За појадок: една чаша јогурт.

За ручек: два варени компири без сол и една чаша јогурт.

За вечера: еден варен компир без сол и една чаша јогурт.

ТРЕТ ДЕН:

За појадок: еден варен компир без сол.

За ручек – еден варен компир без сол и една чаша јогурт.

За вечера: една чаша јогурт.

Напомена: варениот компир содржи витамини и минерали, а јогуртот ја регулира дигестијата и исфрлањето на токсините.