Потребни состојки:

1 литар млеко

7 лажици шеќер

4 белки

8 лажици гриз

За пудинг:

1 литар млеко

2 пудинг од ванила

8 лажици шеќер

4 жолчки

2 шлаг пена

Малини

Бисквити

Постапка:

Наредете ги бисквитите на дното од калапот.

Прво сварете го кремот од гриз во еден литар млеко со шеќер, па во топлиот гриз полека додадете ги измиксаните белки во цврст снег. Прелијте врз наредените бисквити. Одозгора боцнете малини.

Пудингот сварете го со жолчките па прелијте го преку гризот и малините.

Шлагот изматете го според упатството на кесичките и премачкајте го колачот одозгора.