Прополисот е еден од оние мудри лекови на природата кој убива се’ она што му пречи на организмот а истовремено го чува ткивото здраво и неоштетно, а болното го лекува.

Денес, кога поради претераната употреба на синтетички антибиотици повеќето микроорганизми се стекнаа со отпорност на нив, неопходно е да се пронајдат помудри решенија кои ги нуди природата.

Целта на секој лекар е Primum non nocere, т.е. првенствено да не му се наштети на својот пациент.

Сите знаеме дека синтетичките антибиотици предизвикуваат нуспојави кои се јавуваат веднаш или по некое време од користењето, додека даровите на природата немаат несакани последици.

Истражувањата потврдуваат дека во природата постојат мноштво производи со антибиотско делување.

Прополисот е еден од нив.

Тоа е совршена намирница која храни и лекува истовремено.

Прополисот традиционално се користи како лек веќе 2000 години и повеќе. 

Историските записи покажуваат дека прополисот бил важен и ценет производ во медицината на Египќаните, Бабилонците, Арапите, Грците, Римјаните и многу други стари народи.

Лековито делување на прополисот

Флавоноидите во најголема мера се заслужни за лековитото делување на прополисот. 

Овие пигменти се присутни во овошјето, цвеќето и кората од дрвото. Имаат антиоксидативно делување, а нивната улога е заштита на билките од патогени од околината.

Во прополисот се застапени бројни флавоноиди: галангин, кверцетин, кризин, кемпферол, апигенин, пиноцембрин и пинобанксин.

Прополисот е еден од оние мудри лекови на природата кој убива се’ она што му пречи на организмот а истовремено го чува ткивото здраво и неоштетно, а болното го лекува.

Со бројни истражувања е утврдено дека прополисот е природен анестетик, антиоксидант, антисептик, антибиотик, дека делува против повеќето вируси вклучително и вирусот на грип. Одличен е во борбата против габички и паразити.

Она што го прави исклучителен, е тоа што бактериите не создаваат отпорност на прополисот и нема штетни нус појави, како што е случај со синтетичките антибиотици.

Прополисот е ефикасен при чиреви, изгореници и убоди.

Познато е дека прополисот стимулира создавање на нови клетки и регенерација на оштетното ткиво.

Се користи за лекување на болести на увото и усната шуплина. Одлични резултати дава во лекувањето и превенцијата на воспалено грло.

Помага при забоболка, парадентоза, непријатен здив, хемороиди, воспаление на уринарни канали и гастритис.

ПОДГОТОВКА НА ТИНКТУРА:

Тинктурата се прави од прополис и алкохол. За приготвување на тинктура се користи 96% а уште подобро 76% етил алкохол, на кој е означено дека може да се употребува како прехрамбен продукт. Купувајте исклучиво од аптека.

Во стаклена тегла ставете прополис, а потоа ставете алкохол во однос 1:2. Оваа течност чувајте ја 5-7 дена и протресувајте 3 пати дневно.

По овој период процедете ја течноста.

Можете да консумирате 20-90 капки тинктура дневно, зависно од болеста, помеѓу оброци, со половина лажица мед, млака вода или чај.

Проблем/решение

Болки во желудник

20-30 капки разредени со 30% алкохолна тинктура од прополис, трипати дневно пред јадење.

Калуси/тврдо месо на стапалата

Мачкајте се во дебел слој со маст од прополис и фиксирајте со фластер. Оставете да делува преку цела ноќ.

Крвавење

Крвавење од повреда и посекотина можете брзо да запрете со помош на памук натопен во капки од прополис.

Габични заболувања на кожа

Неколку пати дневно мачкајте го заболеното место со крем од прополис, маст или капки.

Изгореници:

Натопете газа во маст од прополис, па ставете преку изгореницата.

Псоријаза:

Трипати дневно внатрешно консумирајте 15 капки прополис. Истовремено мачкајте го заболеното место со крем од прополис или маст.

Хемороиди:

Локално користете маст од прополис, а внатрешно – капки од прополис.

Тегоби со дишните патишта:

Направете чај од камилица или мајчина душичка. Додадете 10 капки прополис во сад со топол чај. Покријте ја главата со пешкир и инхалирајте се неколкупати дневно по пет минути.

Акни, чиреви, дерматитис, егзема:

Мачкајте ги заболените места неколку пати дневно со квалитетен крем или тинктура од прополис.

Парадентоза

Воспаленото забно месо мачкајте го со капки прополис, трипати дневно. Пред тоа добро исперете ги забите со четка.