Има повеќе верзии од оваа торта.

Потребни состојки (1х3): 7 белки, 7 лажици шеќер, 1 лажица оцет, 150 г мелени ореви и 2 лажици презла

Постапка: се матат белките со шеќерот во снег, се додава лажица оцет на крај кога ќе се добие цврст снег. Со лажица се додаваат оревите и презлите. Се печат 3 вакви кори.

Потребни состојки на фил 1: 1 литар млеко, 4 пудинг од чоколадо, 6 жолчки, 150 г шеќер, 150 г путер, 2 ванилин шеќер, 300 г чоколадо

Постапка: Во малку млеко се размешува прашокот за пудинг со шеќерот и жолчките, па сварете го остатокот од млекото. Во изладениот крем додадете изматен путер, ванилин шеќер и растопено чоколадо.

Потребни состојки за фил 2: 15 жолчки, 150 г шеќер, 150 г путер и 2 ванилин шеќер

Постапка: Жолчките се матат со 150 г шеќер, се готват на пареа 15 минути, па кога ќе излади се додава изматен 150 г путер и 2 ванили.

За декорација: 4 крем шлаг, изматено според упатството.

Редење: кора, фил 2, фил 1, се наросуваат сечкани ореви, половина од шлагот, кора, жолт гил, чоколаден фил, сечкани ореви, шлаг крем, шолт фил, чоколаден фил. Одозгора се украсува по желба.

Ова е слична верзија: