Торатата е нешто специјално за љубителите на овошен вкус, а прелесно се приготвува.

Потребни состојки: 1 кг капини или малини, 300 мл вода, 10 лажици шеќер, 2 пудинг од малини, 500 г бисквити, 300 мл млеко, 5 лажици шеќер, 1 ванилин шеќер, 1 пудинг од ванила, 400 мл слатка павлака и 150 г чоколадо

Постапка: Во еден сад ставете ги капините, додадете 200 мл вода, ставете на оган само малку да проврие и испасирајте. Треба да добиете 900 грама испасирана маса, а доколку нема 900 г тогаш додадете вода (во оваа смеса ќе се додадат 2 пудинзи од малини).

Во пасираните капини додадете 10 лажици шеќер и повторно ставете на оган додека шеќерот да се растопи.

Пудингот од малини разматете го со 100 мл вода, па додадете го во варените капини и варете додека да згусне. Тргнете од оган и во топлата смеса додадете 500 г кршени бисквити. Измешајте и додека е топло излејте го во калап 24 см. Израмнете и оставете да излади.

Направете фил од ванила: На оган ставете да се вари 200 мл млеко со ванилин шеќер и 5 лажици шеќер. Изматете еден пудинг со 100 мл млеко, па со постепено додавање мешајте додека да згусне и пудингот да се свари. Изматете 200 мл слатка павлака, па додавајте лажица по лажица матејќи го изладениот пудинг од ванила. Овој фил премачкајте го преку ладниот фил од капини и бисквити.

Во еден сад ставете 200 мл слатка павлака, додадете коцки од 150 г чоколадо, па на многу тивок оган или на пареа загревајте додека чоколадото да се растопи (не смее да зоврие!). малку нека излади, па прелијте преку филот. Оставете преку ноќ во фрижидер добро да излади и да се стегне.

Следниот ден извадете го обрачот од тортата и украсете со шлаг и капини (или малини).